Холивуд

Познатата актерка во цветен комплет каков можеме да најдеме низ секој бутик во градов

Advertisement

Симпатичната Кејт Холмс ни покажа уште едно неверојатно шик издание кое можеме да го постигнеме без да вложиме премногу труд

Advertisement

Познатата актерка се прошета во цветен комплет со потписот на Ула Џонсон, познатата американска модна креаторка која пред 15 години се проби на модниот пазар благодарение на модерните кроеви и дезени, односно на користењето исклучиво органски материјали, особено затоа што посебно внимание му посветува на секој детаљ. Нејзините парчиња не се со премногу високи цени, па така блузата и кусите панталони што ги носи Кејт можат да се најдат за 195 долари.

Кејт долниот дел од комплетот го носеше заедно со горниот од истата колекција, па на прв поглед изгледа како да носи фустан или комбинезон додека целото издание го зачини со црни балетанки, оверсајз очила за сонце од брендот „Prive Revaux“ и бела ретро чанта со потписот на „Prada“.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button