Погледнете колку убава бавча имаат Тања и Новица во Австралија – прави домаќини, нема што нема
Популарниот македонски пар покажа каква бавча имаат во својот дом.

Тања и Новица имаат засадено секаков зеленчук во двор.
Фолк-пејачите Татјана Лазаревска и Новица Василевски веќе неколку години живеат и работат во Мелбурн, Австралија.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Лазаревска
Пејачите се преселија таму заедно со своите синови Петар и Стефан.
Иако многумина мислеа дека со преселбата ќе се откажат и од музиката, но тие се поактивни на музички план повеќе од било кога.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Лазаревска
Постојано имаат настапи и ја веселат публиката во дијаспората.
Активни се и на социјалните мрежи и со своите фанови споделуваат и детали од нивниот приватен живот.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Лазаревска
Публиката ги обожава, а кога ќе запеат никој не останува рамнодушен.
Овој пат се покажаа во малку поинакво светло и ја воодушевија јавноста.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Лазаревска
Тања е одлична домаќинка и многупати се снимала додека приготвувала некој рецеот, а Новица пак е одличен скараџија.
Овој пат се пофалија со својата бавча и зеленчукот кој го одгледуваат.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Лазаревска
Имаат буквално сѐ: марула, лук, млад кромид, патлиџани, крастсвици, пиперки…
Погледнете: