Реклама
LIFESTYLEВирално

Погледнете како изгледаат „хашките“ ќелии каде е сместен Боки 13

Реклама

Хашките соби имаат поголема светлина за разлика од обичните на приземјето и поубави душеци.

Поради безбедносни и здравствени причини притворениот Бојан Јовановски, познат како Боки 13 е сместен во Хашкото одделение во затворот, потврдуваат од Истражниот затвор во Шутка.Директорот Есад Рахиќ потврди дека Боки 13 и Кичеец се сместени во соодветни ќелии по направена безбедносна проценка.

Обвинителката Вилма Рускоска по распитот рече дека имаат цврсти докази за двајцата осомничени и откри дека постапката била отворени по пријава од сведокот, а не од обвинителката кај која влијаел Боки 13.

Маркетинг

Вчера од домот на Јовановски меѓудругото било одзмено и брендирана облека, накит и уметнички слики, а кај Кичеец била пронајдена поголема количина оружје и муниција, за кои ќе се испитува дали ги поседувал легално.

Притворското одделение може да се пофали со „хашките соби“ кои затворот ги изгради по барање на ЕУ за потребите на Судот од Хаг.Собите ги задоволуваат стандардите како на модерен европски затвор, но тие се само неколку.Прегради на тоалетите има во сите ќелии, па и во „хашките“, единствена разлика е што во нив има веце шолја, а во обичните се чучавци.

Маркетинг

Фото: МИА

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button