Реклама
Наши ѕвезди

Погледнете како денес изгледа смртниот непријател на Хурем од Сулејман Величествениот – НИКОЈ не може да го препознае

Реклама

Стана познат по улогата на Ибрахим-паша во Сулејман Величествениот

Окан Јалабик кој се прослави со улогата на Ибрахим-паша Паргали во познатата серија Сулејман Величествениот е роден на 13 декември 1978 година. Тој заврши глума на Државниот конзерваториум на Универзитетот во Истанбул, а се има појавено во повеќе од 20 филма од 2001 година досега. Сепак најмногу се прослави со улогата на Ибрахим-паша

Маркетинг

Окан немаше среќа во љубовта во вистинскиот живот. Во 2010 година, само неколку недели пред венчавката, тој ја остави својата вереница, актерката Ханде Сорал. Иако го следи глас дека е заводник и љубител на ноќниот живот, Окан за себе го вели спротивното

Повеќе сакам да поминам мирна вечер дома со пријателите или драга личност. Во стварноста сум многу поинаков од Ибрахим-паша. Многу сум поволечен и срамежлив, вели за медиумите Окан кој за улогата во Сулејман доби престижната турска награда за најдобар актер во 2011 година.

Маркетинг

Иако во серијата беа еден против друг и „смртни“ непријатели, Хурем (односно Мерјем узерли) и Ибрахим се многу добри пријатели и денес, 8 години по снимањето на една од најпознатите турски серии досега.

Паргали Ибрахим-паша 

Името на Паргали Ибрахим-паша (Ибрахим-паша од Парга) познат и како Френк Ибрахим-паша („Европеецот“), Макбул Ибрахим-паша („Омилениот“), на крајот од животот било променето во Мактул Ибрахим-паша („Погубениот“) по неговото погубување во Топкапи Сарај. Тој бил првиот Голем везир на Отоманската империја назначен од султанот Сулејман Величествениот.

Ибрахим, роден како христијанин, бил заробен во неговата младост. Тој и Сулејман станале блиски пријатели како деца. Во 1523 година, Сулејман го назначил Ибрахим како Голем везир, заменувајќи го Пири Мехмед-паша, кој бил назначен во 1518 година од таткото на Сулејман, претходниот султан Селим I. Ибрахим останал во служба наредните 13 години. Се здобил со моќ и влијание како малкумина од другите големи везири на Царството, но во 1536 година бил погубен по наредна на Сулејман и неговиот имот бил конфискуван од државата.

Ибрахим бил Грк роден во семејство на грчки православни христијани во Парга, Епир, северна Грција, тогаш дел од Венецијанската Република.

Бил син на морнар во Парга и како дете бил земен од пирати и продаден како роб на палатата во Маниса во западна Анадолија, каде биле образувани отоманските принцови. Таму се спријателил со принцот Сулејман, кој бил на иста возраст. Ибрахим го добил своето образование во отоманскиот двор и станал полиглот и полимат. По стапувањето на Сулејман на отоманскиот престол во 1520 година добил различни функции, а првата била соколар на Султанот. Ибрахим ги докажал своите вештини во бројни дипломатски средби и воени борби и набрзо бил унапредуван толку брзо поради што го молел Сулејман да не го унапредува толку брзо од страв поради љубомора и непријателство од другите везири, кои ги очекувале некои од тие титули за нив. Задоволен од прикажаната скромност на Ибрахим, Сулејман наводно се заколнал дека никогаш нема да биде осуден на смрт во текот на неговото владеење. Откако бил назначен за голем везир, Ибрахим-паша продолжил да добива други дополнителни задачи и титули од султанот (како титулата „сераскер“) и неговата моќ во Отоманската империја станала апсолутна скоро како и на неговиот господар.

Откако неговиот соперник Хаин Ахмед-паша, управител на Египет, објавил независност од Отоманската империја и бил погубен во 1524 година, Ибрахим-паша патувал до Египет во 1525 година и го реформирал граѓанскиот и воено-административниот систем на Египет. Издал декрет, Kanunname, со кој го објавил системот.

Иако се оженил со сестрата на Сулејман, Султанија Хатиџе, и со тоа младоженец (дамат) на Отоманската династија, оваа титула не е често користена од историчарите, веројатно со цел да не се помеша со други големи везири со исти имиња (Дамат Ибрахим-паша и Невшехирли Дамат Ибрахим-паша). Обично е нарекуван како „Паргали Ибрахим-паша“ или „Френк (Европеецот) Ибрахим-паша“ поради неговите вкусови и однесување. Сепак, и други име му било дадено, како „Макбул Мактул“ (омилен и убиен) Ибрахим-паша.

Неговата палата, која се наоѓа на западната страна на хиподромот во Истанбул, била претворена во Турски и исламски музеј на уметноста.

Дипломатски, работата на Ибрахим со западниот христијански свет била целосен успех. Претставувајќи се како „вистинската моќ зад Отоманското царство“, Ибрахим користел различни тактики за преговарање со предводниците на католичките сили. Венецијанските дипломати дури и го нарекувале како „Ибрахим Величествениот“, варијанта од прекарот на Сулејман. Во 1533 година го убедил Карло V да ја предаде Унгарија како отоманска вазалска држава. Во 1535 година го завршил монументалниот договор со Франсоа I кој ѝ дал трговски права на Франција во Отоманското царство во замена за заедничка акција против Хабсбурзите. Овој договор ќе ги означи почетокот на заедничките француско-османлиски поморски маневри, вклучувајќи ги сместувањето на отоманската флота во јужна Франција (во Тулон) во текот на зимата 1543–1544.

Вешт командант во војската на Сулејман, на крајот влегол во судир поради непретпазливот во текот на војната против династијата Сефевиди во текот на Отоманско-персиската војна, кога си доделил титула која го вклучувала зборот „султан“ (прифаќањето на титулата „сераскер султан“ било гледано како грев од Сулејман).[9] Друг конфликт настанал кога Ибрахим и неговиот поранешен ментор, Искендер Челеби, во повеќе наврати се спротивставиле со воедното водство во текот на војната. Овие инциденти започнале низа настани, кои резултирале во негово погубување во 1536 година, тринаесет години по неговото поставување како голем везир. (Искендер Челеби бил исто така погубен една година порано во 1535 г.) Било наведено и од бројни извори дека Ибрахим-паша бил жртва на интригите на Рокселана (жената на султанот) и влијанието на суверенот, особено во поглед на поддршката на Ибрахим на Шехзаде Мустафа, првиот син на Сулејман и наследник на престолот. Шехзаде Мустафа бил обвинет за предавство и задавен до смрт по наредба на неговиот татко на 6 октомври 1553 година, преку низа завери пуштени од Рокселана (која сакала еден од нејзините синови да стане следен султан, наместо Мустафа, кој бил син на Махидевран Султан).

Иако Ибрахим-паша долго бил преобратен во ислам, одржувал некои врски со неговите христијански корени, носејќи ги дури и неговите христијански родители да живеат со него во османлиската престолнина

Бидејќи Сулејман се заколнал дека нема да го одземе животот на Ибрахим во текот на неговот владеење, добил фатва од локален верски водач, која му овозможувала да ја повлече заклетвата со изградба на џамија во Цариград.

Сулејман подоцна жалел за погубувањето на Ибрахим и тоа е забележливо во неговите песни, во кои дури и по 20 години, истакнува теми за пријателство и доверба помеѓу пријатели и често има имиња слични на Ибрахим-паша.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button