Реклама
Наши ѕвезди

Погледнете каков ѕвер вози сега Стефан Лазаров – „фрли“ илјадници евра, но конечно си го оствари сонот

Јутуберот сега се вози во својот автомобил од соништата

Реклама

Познатиот јутубер се почести со нов љубимец

Еден од најпознатите и најплатените јутубери во Македонија, Стефан Лазаров, неодамна ги извести своите следбеници на социјалните мрежи дека станал сопственик на нов луксузен автомобил.

Според коментарите на неговиот Инстаграм и од видеото што го објави на Јутјуб станува збор за „Мерцедес CLS“. Како што самиот откри, размислувал дали да избере „Ауди 7“ или „Мерцедес“, но на крај одлуката сепак паднала на CLS-от, кој му бил фаворит на Лазаров од самиот старт.

Маркетинг

Познато е дека јутуберот обожава скапи коли, а овој пат реши да се почести со колата која отсекогаш му била сон.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров

Тој на својот Инстаграм профил често се фали со нови скапоцени работи, а сега дојде ред и на нов „ѕвер“ во неговиот живот.

Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров

По автомобилот тргна со своите другари и со неговата сопруга, Марта, која исто така беше воодушевена кога прв пат го виде.

Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров

Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров

Тој веднаш објави и видео со кое покажа како се вози во новиот автомобил, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…

 

На автомобилот му честиташе и неговиот колега и пријател Зоки Фаци, но и бројните фанови на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Стефан Лазаров

„Кога ќе одлучите да не ги слушате оние што ви велат дека нешто не можете, почнуваат да се случуваат убави нешта… Фала ви за огромната поддршка“, напиша познатиот јутубер под една фотографија на која позира покрај својот нов мерцедес, а под оваа објава се уште се редат бројни честитки од пријателите и обожавателите.

Фото: Јутјуб/ Стефан Лазаров

Фото: Јутјуб/ Стефан Лазаров

Фото: Јутјуб/ Стефан Лазаров

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button