Реклама
Наши ѕвезди

Погледнете каков подарок доби внукот на Војо Стојаноски за годишнина од бракот – никогаш не бил посреќен

Ова беше посебен ден за познатиот пејач

Реклама

Влатко Миладиноски прослави годишнина од бракот со својата сопруга, а на социјалните мрежи се пофали со необичен подарок.

Имено, познатиот пејач на годишнината од бракот пееше на една свадба, па од младенците си доби торта како подарок.

„Свадба за урнек во Штип. Доблесни млади кои ја споделија радоста со мене од кои си добив торта за годишнина… Благодарам од срце“, напиша Влатко под објавеното видео од свадбата на која што пееше.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Влатко Миладиноски

Инаку, Влатко на вечна љубов се заколна во 2016 година, а набргу по свадбата ја доби својата прва ќерка Илина.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Влатко Миладиноски

По пет години од бракот му се роди и втората ќерка Андреа, која оваа година наполни две години.

Фото: Фејсбук/ Влатко Миладиноски

Пејачот веќе седум години е во складен брак и важи за човек на кого семејството му е најважно во животот.

На неговиот профил на социјалните мрежи одвреме-навреме знае да сподели интимни моменти со најблиските.

Фото: Фејсбук/ Влатко Миладиноски

Влатко најмногу ужива кога времето го минува со ќеркичките, а како што самит откри во една пригода, песната „Те кажувајет бре Илиној моме“, ја има посветено на постарата ќеркичка.

Фото: Фејсбук/ Влатко Миладиноски

Неговата ќерка се појавува и во снимката, а станува збор за стара песна од легендарниот Александар Сариевски која Влатко ја сакал многу и пред неговата ќеркичка да го добие името Илина.

„Кога Илина го доби тоа име, во таа прилика ја снимив и таа интерпретација ѝ ја посветив нејзе. Не беше планирано, но таа се појави и во видеото“, откри во една пригода познатиот фолк-пејач.

Фото: Фејсбук/ Влатко Миладиноски

Инаку, Влатко е внук на легендарниот пејач Војо Стојаноски со кого во младоста настапуваше често.

Тој денес заедно со синот на Војо, Дамјан Стојаноски, и својот брат Златко Миладиноски, често пеат и надвор од Македонија и со својата музика ја продолжија мисијата на Војо – преку традиционалната македонска песна да ја афирмираат вистината за нашата земја.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, МТВ

Како овие тројца млади музичари звучат кога пеат заедно патриотски македонски песни, слушнете тука….

Фото: Фејсбук/ Влатко Миладиноски

Фото: Фејсбук/ Влатко Миладиноски

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button