Погледнете какво тело има оваа Македонка – нејзиниот сопруг е еден од најпознатите водители на Балканот, а таа е божица!

Овој српски водител веќе сите го знаеме, но малкумина знаат дека неговата убава сопруга има Македонско потекло.
Сопругата на познатиот водител Огнен Амиџиќ, убавата Данијела Димитровска која има македонско потекло одлучи овие жешки температури дополнително да ги загрее.
Данијела Димитровска е преубава и згодна бринета, а деновиве заедно со своето семејство таа ги спакува куферите и замина во Египет.
Иако таа веќе има родено две деца, сепак гледајќи ги нејзините фотографии тешко е да се поверува.
Таа на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии од одморот и тоа директно од плажа со што ја подгреа атмосферата на социјалните мрежи.

Додека мажите фантазираа, жените ја прашуваа која е нејзината тајна за ваква совршена фигура и совршен изглед.

Данијела и Огнен престојуваат во еден од најлуксузните хотели во Хургада, кој беше отворен пред само еден месец.

Во 2020 година таа се појави во спотот на песната „Додај гас“ за која тие двајцата снимија дует.
Парот ја снимаше песната на Малдивите, каде неодамна го поминаа својот одмор, а интересно е што целиот спот го снимија сами, со мобилен телефон.
Иако Даниела не планираше некогаш да земе микрофон, животот ја демантираше.
Имено, вистинската причина зошто манекенката решила да сними песна со својот сопруг е нивниот облог.
-Двајцата се согласија да се сретнат на ручек во еден белградски ресторан откако ќе ги завршат деловните обврски. Огњен пристигна на време и беше сигурно дека Даниела доцни, но таа не сакаше да признае. Затоа тој предложи облог затоа што беше убеден дека неговата сопруга нема да пристигне, а таа се согласи, мислејќи дека ќе го престигне. Во случај на победа, Даниела можеше да избере подарок, но во случај на губење, таа требаше да се согласи да пее со сопругот, а останатото е историја … – открил добро упатен извор за српски „Телеграф“.

Покрај симпатичниот текст и ритам на песната не можеше а да не се забележи изгледот на Даниела во костим за капење.




