Погледнете какво изненадување доби Мики Црнокрак за роденден

Некогашниот модел и сопственик на модна агенција Мики Црнокрак ужива во луксуз, имаше и причина за славење.
Мики и Светлана Црнокрак важат за еден од најубавите парови на македонската јавна сцена.
Благодарение на нив многу девојки станаа успешни манекенки и досега имаат организирано голем број модни настани.
Сопственикот на модното студио „Црнокрак“, Мики Црнокрак, заедно со своите манекени и манекенки постојано патува на различни страни од светот каде се претставува македонската убавина.

Токму поради тоа периодов тој периодов ужива во луксуз во Дубаи. А, тому и во тој лусуз Мики го прослави и својот 54 роденден.
На својот Фејсбук профил тој објави фотографија од изненадувањето кое го добил далеку од својот дом, по повод роденденот.
Роденденско изненадување на 4.857km од дома!“, напиша тој и објави фотографија од торта на која го пишува неговото вистинско име, а тоа е Миодраг.

Тој изминатиот период сподели и фотографии од неговата мајка, која го изгуби животот минатата година.
„Една година без тебе мајко. Многу ми недостигаш, многу… Мојот најголем борец!!Мојот херој!! Извојува многу животни победи, никогаш не се предаваше, живееше за нас, да има секогаш за нас, за неа не мора…
Сепак последната битка не ја издржа.. Поч-ивај во мир мајко мила“, напиша Мики тогаш на социјалните мрежи.

Мики долги години плови во брачните води зедно со неговата сопруга, некогашната мисица, Светлана Црнокрак.
„Се запознавме каде на друго место ако не на модна ревија и тоа во Битола, една ипол година пред нашата свадба, која се случи точно на 11 октомври во 1997 година.

Свадбата ќе ја паметиме по големото невреме и силниот дожд кој не ни пречеше, а старите ни го протолкуваа како добар знак за среќен и бериќетен брак. Кога се запознавме, се случи љубов на прв поглед, па потоа дојде и и втор и трет.
На почетокот на љубовта ништо не ни пречеше еден кај друг, а и сега потолку годинa брак се навикнавме и се прилагодивме на се, па дури и на тоа што можеби ни пречело“, изјавија Црнокрак.

Мики на својот Фејсбук профил сподели фотографија од нивната свадба. Тие се присетија на убавиот ден, 11 октомври далечната 1997 година.

Плод на нивната љубов се нивните две ќерки Моника и Нина. Интересно е тоа што разликата меѓу Моника и Нина е 13 години.
Нивната поголема ќерка, Моника студира Економски факултет и тргна по стапките на своите родители.

Имено, таа успешно плива во манекенските води и досега има освоено неколку титули за убавина, меѓу кои и онаа од нејзиниот дебитански настап во 2018 година.
Таа тогаш на изборот за Мис лето Интернационал што се одржа во Киренија, Кипар ја освои титулата за Мис фотогеничност.
Кога прв пат се појави на пистите Моника ги собра сите симпатии на публиката, посебно поради сличноста со нејзината мајка.

И како минува времето сличноста меѓу нив двете е се поголема, а тоа можете да го забележите и од нивните фотографии.
По сѐ изгледа за убавината на Моника уште долго ќе се пишува, а можеби и ќе читаме за неа во светските медиуми. Со оглед на гените, ѝ претстои светла иднина.

Светлната е жена која многу време посветува на својот физички изглед и негата на кожата. Воопшто не крие дека има направено и промена на устата.
Таа откри дека често самата се шминка, а устата постојано премногу ја исцртувала, токму затоа се одлучила на мала корекција.
Станува збор за минимален естетски зафат со хијалуронска киселина, откри Светлана.

И покрај тоа што се труди своето знаење за манекенствотопреку студиото Црнокрак да го пренесе на помладите девојки таа сепак одлучи да се појавува пред камери како презентер на вести, улога со која исто така одлично се носи.
Токму затоа, од неа се бара секогаш совршено да изгледа. Но, според фотографиите кои ги гледаме на нејзините социјални мрежи, таа не е ништо помалку средена и во домашна атмосфера.












