Реклама
Наши ѕвезди

Погледнете во каков раскош и луксуз ужива Спасен во Австралија, многумина ќе бидат изненадени (фото)

Фолк-пејачот Спасен Силјаноски важи за еден од омилените пејачи кај нашинците во оваа земја

Реклама

Познатиот македонски фолк-пејач Спасен Силјаноски престојува во Австралија каде има настап по повод 130 години ВМРО.

Спасен вечерва има настап во Мелбурн, а своите фанови посебно ги разнежни со една фотографија од која можевме да видиме како неговата сопруга заедно со нивните деца го испраќаат на аеродромот.

„Татичко пак ни отиде во Австралија, среќен пат, те сакаме“, напиша Ана под заедничката фотографија со која ги воодушеви сите.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Ана Силјаноска

Фотографијата ја сподели и Спасен, а потоа од Австралија објави и снимка со која покажа во каков луксуз ужива во оваа земја.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Имено, тој во рамките на своите Инстаграм приказни сподели видео на кое се гледа еден прекрасно уреден двор.

Видеото започнува со волшебен кадар на знамето со Сонцето од Кутлеш, а потоа се гледа дека во дворот има фурна и скара, голем мозаик со антички македонски мотиви и Александар Македонски на него, но и огромен базен кој пејачот го меркаше цело време.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Спасен очигледно убаво е пречекан во Австралија, а од глетката што ја покажа ги воодушеви и своите бројни фанови.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Од она што го видевме, самиот двор остава без здив, а каков ли е ентериерот и внатрешноста можеме само да замислиме.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Инаку, Спасен деновиве е актуелен и по една негова нова улога во животот со која што ги изненади сите.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Имено, тој од неодамна го заменува својот драг колега Благоја Грујовски во „Везилка“, а од она што можевме досега да го видиме, шармантниот пејач очигледно добро се снајде во оваа своја улога.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Тој во емисијата ќе пее, но и ќе ја води заедно со своите колешки, а како изгледаше досега во оваа улога, погледнете во продолжение.

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

Фото: Фејсбук/ Александра Бела

Фото: Фејсбук/ Александра Бела

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Фејсбук/ Александра Бела

Фото: Фејсбук/ Александра Бела

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button