Реклама
Новости

Повторно скандал во „Ѕвездите на Гранд“ – пејачката што плачеше пред сите го напушти шоуто (видео)

Пејачката донесе драстична одлука по спорниот настап

Реклама

Снежана се расплака по својот настап

Младата натпреварувачка, Снежана Качар, која во саботата се појави во „Ѕвездите на Гранд“ реши да се откаже од шоуто.

Таа веста ја сподели на социјалните мрежи и откри зошто решила да се повлече од понатамошното натпреварување.

Маркетинг

„Гледам дека мојот настап во овој круг предизвика бројни реакции и дека мислењата се поделени. Сакам, пред сé, да им се заблагодарам на луѓето што ме следат и поддржуваат, кои се тука од почетокот, но и на вас кои сте сега со нас. Се натпреварувам три сезони за да го видам својот напредок и знам дека доста напредував, но исто така има уште многу на што треба да работам“, изјави Снежана во своето обраќање.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

„Ова е многу сурово, но сакам тоа да оди некако по мирен пат. Благодарна сум на продукцијата, најмногу на Саша, Мили и Микица кои од самиот почеток веруваа во мене и тоа нема да им го заборавам. Но за жал ставам точка на овој формат, иако засекогаш ќе го памтам по убавите моменти и луѓето што таму ги запознав. Ви се заблагодарувам“, објасни младата пејачка.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, настапот на Снежана Качар во последната емисија од „Ѕвездите на Гранд“ предизвика жестока расправа меѓу жирито.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Таа тогаш не можеше да ги исконтролира емоциите по бурните коментари од жирито и заплака пред камерите, а потоа и покрај тоа што помина во следниот круг, донесе одлука да се откаже.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Имено, Снежана тогаш настапи во дуел со Мелиса Зијадиќ, а откако жирито им даде само по четири гласови, Цеца Ражнатовиќ и Вики Миљковиќ, кои беа нивните менторки, жестоко реагираа. Тие оваа одлука ја сметаа за скандалозна, а Цеца викаше на сиот глас и додека се обидуваше да објасни дека не заслужуваат ист број гласови, Снежана почна да плаче, по што Марија и донесе вода да се смири.

Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button