Реклама
Наши ѕвезди

Победничката во „Ѕвездите на Гранд“ ја подигна главната награда – цела Струмица ќе се врти по неа…

Ех, кога ќе се појавиш во родниот град со автомобилот...

Реклама

По спектакуларното финале во „Ѕвездите на Гранд“ кое што се одржа оваа сабота, победничката на 16-та сезона, Славица Ангелова, ја подигна гладната награда што ја доби од продукцијата.

Во прашање е автомобил во вредност од 20.000 евра пто Славица го подигна видно расположена.

Облечена во фармерки и бела блуска таа се појави пред салонот и не можеше да го сокрие возбудувањето што ја освои наградата.

Маркетинг
фото Принтскрин/јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Со неа беа креативниот директор на „Гранд“, Саша Поповиќ, и нејзиниот ментор рокерот Ѓорѓе Давид.

Потсетуваме, во спектакуларното финале што се одржа оваа сабота за титулата се бореа седумнаесет фантастични кандидати, а најдобрите меѓу нив ги избираше публиката преку СМС гласови.

Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

По неизвесното финале пристигнаа вкупно 312.158 гласови, а најмногу доби Славица Ангелова од Македонија која што е прогласена за победничка на шеснаесеттата сезона од „Ѕвездите на Гранд“.

Покрај титулата победничка која што ја освои, Славица ќе добие и песна како и спот во издание на Гранд продукција.

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Покрај ова, таа ќе добие и комплетен маркетинг како и автомобил од марката Фиат Типо кој победничката веќе го подигна од салонот.

Како шармантната пејачка изгледаше додека ја подигаше наградата, погледнете во продолжение:

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Откако и ги предаде клучевите, Поповиќ и се обрати на победничката:

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

„Ех, кога ќе се појавиш во Струмица со автомобилот, сите ќе знаат дека си го освоила со победа во ‘Ѕвездите на Гранд’.

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

„Ова ти е полесно да стигнеш кога ќе имаш обврски кон Гранд“, и порача нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид.

„Кариерата ќе ја гради тука и во Македонија. Ќе добие песна, спот, ќе гостува во сите наши емисии. Верувам дека има многу поголеми шанси во Македонија, бидејќи е прва нивна победничка. Верувам дека најголемо внимание и популарност ќе има во Македонија, но секако дека ќе се трудиме да ја туркаме и тука, во Босна и Херцеговина, Црна Гора…“, изјави Саша.

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме Славица студира медицина, а финалната вечер освои 88.367 гласови и победи во популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Бонус галерија

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Славица блеска и кога не е на сцената

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button