Наши ѕвезди

„Плачам, крв ми тече, сите ја викаат мајка ми“ – македонската пејачка искрено за своето детство

Македонската рок-ѕвезда проговори за најтрауматичната ситуација од детството.

Advertisement

Дани ракажа зошто и денес има страв од лулашки.

Пејачката Дани Димитровска својата кариера ја започна со песната „Само ти ми требаш“ со која настапи на Макфест.

Advertisement
ФОТО: Инстаграм / Дани Димитровска

Денес може да се пофали со многу хитови, успешни концерти и многу освоени награди.

Таа се вбројува во оние жени кои се вечно млади.

Advertisement
ФОТО: Инстаграм / Дани Димитровска

Не се забележува голема разлика од почетокот на нејзината кариера до сега.

Експерименти во изгледот прави само со бојата на косата.

ФОТО: Инстаграм / Дани Димитровска

Приватно е посветена мајка на нејзиниот син Лазар.

Лазар е веќе возрасно момче, на кое Дани е многу горда.

ФОТО: Инстаграм / Дани Димитровска

Она што е доста забележливо е тоа дека Лазар неверојатно многу личи на својата мајка, а како поминува времето тоа е сѐ поочигледно.

Во интервју за емисијата „Скопје але-але“ Дани раскажа за случка од детството која ѝ преизвикала траума и поради има страв од лулашки.

„На оние лулашки си ја дупнав главата.Никогаш повеќе не седнав на лулашки. Во тоа време плачам, крв ми тече, сите ја викаат мајка ми, а мајка ми одозгора гледа и вика: „Нека се качи“! Денес да се случи такво нешто на дете, ќе се соберат луѓе, ќе го носат. А, мене ми вика: „Ајде, ајде качи се. Ајде крвче имаш, ајде не се лигави многу, многу“. Тоа се работи кои не нѐ размазиле“, раскажа Дани.

ФОТО: Инстаграм / Дани Димитровска

ФОТО: Инстаграм / Дани Димитровска

ФОТО: Инстаграм / Дани Димитровска

ФОТО: Инстаграм / Дани Димитровска

ФОТО: Инстаграм / Дани Димитровска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button