Пивара Скопје вработува – Основна нето плата до 70.000 денари!

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци и пиво, кој бележи постојан раст и одржлив развој.
Ние сме продажно-ориентирана компанија, која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, кои се неизоставен дел од сите заеднички моменти, вредни за паметење.
Тука сме 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални корпорации Coca-Cola HBC и HEINEKEN и постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите консументи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.
фото фејсбук
Веќе 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, консументи и со заедницата на која ѝ припаѓаме. Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на сите оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!
Пивара Скопје е автентична деловна приказна која ја создаваат голем број генерации горди Пиварци.
Чувството на гордост произлегува од силните брендови кои ги имаме, високата компаниска култура која сите нас нè поттикнува да го извлечеме најдоброто од себе како компанија и како професионалци.
Повеќе од девет декади приказната за Пивара Скопје се создава со огромни напори, знаење, искуство, љубов и визија на тимот составен од високомотивирани, лојални и способни поединци, кои се исклучиво добро обучени, почитувани и наградени.
Пивара Скопје е автентична деловна приказна која ја создаваат голем број генерации горди Пиварци. Чувството на гордост произлегува од силните брендови кои ги имаме, високата компаниска култура која сите нас нè поттикнува да го извлечеме најдоброто од себе како компанија и како професионалци.
фото фејсбук
Нам ни е многу важно да им го понудиме најдоброто на нашите купувачи и потрошувачи. Постојано се фокусираме на растот на нашата работа и креирањето дополнителна вредност, како и на одржување на добрата финансиска состојба на нашата компанија.
Решителни сме во намерата сето тоа да го постигнеме на максимално одржлив начин, како високопочитуванa компанија. За да го постигнеме сето ова, потребно е континуирано да инвестираме во развојот на луѓето заради постигнување на нашата визија.
фото фејсбук
Ние нудиме пристап до најдобрите практични знаења и искуства од двата најпочитувани системи на производство на пијалаци во светот, Coca-Cola и HEINEKEN. Знаеме да ја препознаеме добрата работа на нашите вработени и да го наградиме нивниот талент и напорите кои ги вложуваат.
Оглас за вработување во ПИВАРА Скопје
Повеќе детали имате тука