Реклама
Наши ѕвезди

Пејачот Јордан Митев сподели преубава вест – сите му честитаат, никогаш не бил олку среќен (фото)

Ова му значеше многу...

Реклама

Познатиот фолк-пејач на својот Фејсбук профил објави вест со која ги изненади своите бројни фанови.

Познатиот македонски фолк-пејач Јордан Митев на Фејсбук сподели дека еден фолкер од регионот ќе преработи негова песна.

Како што откри самиот Јордан, станува збор за еден од десетте најдобри фолк пејачи на Балканот, но за сега неговото име не го открива.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб

„На мое големо задоволство, по желба и иницијатива на една од топ десетте најголеми балкански фолк ѕвезди уште од времето на поранешните југословенски простори ќе биде препеана една од моите песни на еден од балканските јазици“.

Маркетинг

„Колегата го очекувам за неколку дена во студиото во Скопје и тогаш ќе ви откријам за која песна и кое име и презиме станува збор“, напиша популарниот пејач на својот профил на Фејсбук.

Фото: Фејсбук

Потсетуваме, Јордан покрај тоа што е пејач и автор на своите песни, тој е и школуван музичар кој знае да свири на неколку инструменти.

Фото: Фејсбук

Оние што го гледале во живо знаат дека одлично свири на кавал и гајда, на кои знае да засвири и на своите настапи.

Фото: Фејсбук

Но тој знае да свири и на хармоника и пијано, а како што самиот изјави за Гламур во една пригода, тој е човек кој стои на мостот помеѓу модерното и традиционалното.

Фото: Фејсбук

„Јас не пораснав со песните на Бон Џови, Мајкал Џексон, Елвис Присли, Синатра, или музиката на Бетовен, Бах и Рашмањинов… Јас сум дете од село кое до 2001 година немав прилика да имам компјутер или цд плејар за да слушнам нешто друго. Јас пораснав со песни и музика од Цветници и Валандово. И да сакав да чујам нешто друго немав прилика“, откри познатиот пејач, па го додаде и следново:

„Се сеќавам првото ЦД во 2000 го купив кога се запишав средно музичко во Штип од Енрике Иглесијас, не знам како но слушнав некаде некои негови балади кои ми оставија силен впечаток и сакав да имам ЦД за да ги слушам, но немав ЦД-плејар.“

Целото интервју со Јордан прочитајте го тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button