Наши ѕвезди

Пејачот Благоја Грујовски секогаш во друштво со најубавите жени во МАКЕДОНИЈА – еве со кои прекрасни дами беше овој пат!

Advertisement

За него времето како да запрело, а секогаш е во друштво со најубавите дами.

Advertisement

Македонскиот фолк пејач Благоја Грујовски е еден од најдобрите пејачи во земјава, кој освен со одличен глас, може да се пофали и со стас.

Благоја изгледа иденично како на почетоко на својата кариера, а за него секогаш се лепат најубабите жени.

На јавноста ѝ е познато дека долго време беше во брак со една од најубавите ТВ презентерки во Македонија и некогашна мисица, Татјана Стојановска, со која го има и синот Матеј.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Тања и Благоја го задржаа пријателскиот однос поради синот и секогаш се корекрни еден кон друг.

Advertisement

Сега ужива во љубовта со поубавата половина Ирена, со која исто така има син – Марко.

Таа ретко се појавува во јавност, па секоја нивна заедничка фотографија преставува изненадување за фановите.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Имено, малкумина знаат како изгледа сопругата на познатиот пејач која од него е помлада 20 години. Тој е среќно оженет со својата сопруга Ирена, со која го има синот Марко, но со неа ретко се појавува во јавност.

Таа му го освои срцето и во 2009 година застанаа на лудиот камен. Но, својата приватност скржаво ја чуваат од медиумите и не сакаат публицитет.

Тие претходно беа во врска две и пол години, а Ирена беше во шестиот месеци од бременоста на свадбата.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Што се однесува до тоа дали неговата сопруга е љубоморна што постојано е во друштво на убави девојки тој вели дека има убав соживот со своите колеги и колешки кои ги доживува како браќа и сестри, па неговата сопруга не е љубоморна и добро ја разбира професијата што ја работи.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

За своите синови пејачот вели дека сепак нема да тргнат по неговите стапки затоа што покажуваат интереси за други работи.

-Не можам да кажам дека сум строг татко, имам моменти кога сум изнервиран, па ќе свикам. Со големиот син нема потреба да сум строг. Тој е веќе дипломиран. Малиот, уште имаме доста за рсправија, има 11 години уште се расправаме со школо, сака да игра многу нинтендо.

Талент не сум забележал дали имаат за музика, не ги интересира музика. Очигледно нема да одат по моите стапки. Ќе покаже времето, кажа Благоја во едно свое телевизиско интервју.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Малкумина знаат, но Благоја добар дел од својот живот поминал работејќи како новинар.

-Новинарството во секој случај е убава фаза од мојот живот. Студирав новинарство овде во Скопје. Новинарите по дефиниција треба да бидат универзални незнајковци. Мислам дека многу ми помогна во некои делови. Имав искутво во македонско радио 15-16 години професионален стаж. Мило ми е што тоа го поминав.

Првата фаза беше работа во смени. Убави спомени имам, меѓутоа таа фаза заврши во 2004 година. Дојде момент кога се одлучив за музиката и сега нема враќање назад. Не корона, 100 корони да има јас ќе си останам музичар.

Новинарството слабо го следам. Телевизија не гледам. Фокусиран сум во музиката. Во музиката сум најкритичен кон себе. Најважен сум си јас, како јас изведувам. Знам да ценам музичари и знам дека има и многу подобри, рече Благоја.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Деновиве тој ги поминува во друштво на две прекрасни водителки, во моментов едни од најпопуларните во земјава.

Адријана Алачки и Ирена Спировска работата за иста телевизиска куќа, а и на ист проект, па изминатиов период доста често се во друштво и на пејачот Благоја Грујовски.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

На социјалните мрежи се појавија нивни заеднички фотографии и додека работат, но и додека уживаат во убабовото време и во традиционалната македонска кујна.

Фотографиите наидоа на многу реакции од публиката, која беше воодушевена што ги гледа ѕвездите на едно место.

ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук
ФОТО: Благоја Грујовски / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button