Реклама
Наши ѕвезди

Пејачката што го има најголемиот хит на Балканот откри дека има МАКЕДОНСКИ корени – на 16 години стана голема ѕвезда!

Реклама

„Мојата мајка по потекло е од Македонија!“

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таа има само 16 години и веќе е позната во целиот регион, а нејзината песна е хит и во Турција.

Зорана Миќановиќ се школува за фризер, а како што самата вели, талентот го наследила од својот татко.

Маркетинг

Одам во школо за фризер. Мојот татко е фризер и од него го наследив талентот, изјави Зорана за српскиот „Курир“.

Таа меѓу другото откри и дека голема поддршка добила од Александра Пријовиќ, за што и’ е посебно благодарна.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ

Што се однесува од гласините дека од бакшишот што го заработила од својата прва песна може да купи стан, Миќановиќ вели:

„Па тоа нека остане така. Секако, во оваа работа заработката е добра, а сега за стан, нека остане така. Можеби, да“, изјави таа.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Инаку Зорана во една од претходните емисии „Гранд магазин специјал“ откри дека има македонски корени со што посебно ја изненади нашата публика. Имено, во емисијата беше гостин и Дамјан Димевски, младиот пејач од Скопје кој моментално важи за еден од најдобрите кандидати во овогодишното шоу „Ѕвездите на Гранд“, па откако тие открија дека порано, додека се натпреварувале во „Некои нови клинци“ имале симпатии еден кон друг, Зорана се осврна и на тоа дали во иднина би снимила песна со својот колега.

„Зошто да не снимиме дует? Можеби ова е новост една, мојата мајка е од Македонија, и јас имам македонски корени“, откри младата пејачка за прв пат во емисијата „Ѕвездите на Гранд специјал“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Нејзината песна моментално има преку 15 милиони прегледи и беше прва на сите тренд листи на Балканот, како и на самиот врв на австриските и германските тренд листи.

Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ

За нејзиниот неверојатен успех сведочи и тоа што песната на својот Инстаграм профил ја сподели и познатиот турски инфлуенсер Бурак Алтиндаг, и само на неговата објава песната има скоро 100.000 лајкови.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ

Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ

Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ

Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ

Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ

Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ

Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ

Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ

Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ

Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button