Реклама
Наши ѕвезди

Пејачката Вања Кнежевиќ драстично го промени имиџот, фановите ИЗНЕНАДЕНИ – благодарение на Цеца се враќа на сцената

Реклама

Младата пејачка Вања Кнежевиќ е една од личностите за кои најмногу се зборуваше во изминатиов период.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Пејачката беше дисквалификувана од музичката шоу програма „Ѕвездите на Гранд“ откако на социјалните мрежи сподели навредливи коментари на сметка на претставниците на членовите на жирито на овој ТВ формат, по што следуваше нејзино обвинување за вербално малтретирање.

Но по немилиот настан што и се случи во музичкото шоу, на Вања и се насмевна среќата кога креативниот тим на Светлана Цеца Ражнатовиќ реши да и помогне.

Маркетинг

Тие и го обезбедија снимањето на нејзината прва песна која наскоро треба да го види светлото на денот.

Фото: Инстаграм/ Вања Кнежевиќ

Вања за тоа време не седи со скрстени раце, туку реши да го промени имиџот и да се претстави во едно ново светло пред публиката.

Фото: Инстаграм/ Вања Кнежевиќ

Таа на социјалните мрежи се пофали со нова фризура, а многумина и порачаа дека со шишки изгледа прекрасно.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Вања Кнежевиќ

Нова балканска мега ѕвезда?

Да потсетиме, по настапот на Вања кога Јелена Карлеуша и кажа дека изгледа како тетка, гледачите бурно реагираа и изразија поддршка за неа со своите објави на социјалните мрежи. Некои од нив Вања ги сподели на својот профил, но тоа и запречи на Карлеуша и побара младата пејачка да биде исфрлена од натпреварот. Саша Поповиќ тоа и го направи, но по неколку дена мораше да се појави во утринската програма и да објасни зошто го направил тоа.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Кнежевиќ привлече големо внимание на јавноста заради судирот што го имаше со Карлеуша, кога многумина застанаа на нејзина страна, а меѓу нив и Цеца Ражнатовиќ. Таа благодарение на фолк дивата ја снимаше својата прва песна која наскоро треба да излезе, а како што кажуваат извори блиски до младата пејачка, пријател на нејзиното семејство од Бања Лука наводно стапил во контакт со фолк дивата и ја замолил да и помогне на Вања, како со совети, така и со некоја препорака меѓу своите колеги. Цеца наводно ветила дека ќе даде сé од себе, а тоа брзо и го реализираше.

Фото: Инстаграм/ Вања Кнежевиќ

Им се јавила на своите соработници и ги прашала дали би направиле песна за Вања, што тие веднаш го прифатиле.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button