Реклама
Наши ѕвезди

Сестрите близначки од Македонија ги обожаваше цела поранешна ЈУГОСЛАВИЈА – еве зошто сите ги сакаа Маријана и Росана!

Реклама

Близначките Маријана и Росана беа популарни и тоа не само во Македонија, туку и на просторот на цела поранешна Југославија на почетокот и средината од 80-тите години на минатиот век.

Фото: Фејсбук/ Росана Сариќ Тодоровска

Кога сестрите близначки се појавија со своите први песни на сцената, за многу кратко време станаа едни од омилените пејачки во цела Македонија.

Тие прв пат ќе настапат во дует на свои 17 години, а кариерата ќе ја започнат со интерпретација на поп мелодии.

Маркетинг

Цела Македонија ги сакаше, како заради тоа што беа сестри близначки, така и заради нивниот беспрекорен глас. Публиката ги обожаваше, а нивните хитови „Признавам“, „Едно срце имам душо“, „Стој“, „Ако не исчезнам“ нема некој што не ги знае и се уште се вртат на нашите радио станици.

Фото: Принтскрин

Откако Маријана ќе се исели во Австралија, Росана ќе продолжи со својата соло кариера.

Маркетинг
Фото: Принтскрин

Таа ќе се омажи за актерот Ѓорѓи Тодоровски – Трупче и денес важи за една од ѕвездите на нашата фолк естрада. Има испеано голем број хитови, често е присутна на фестивалските сцени а како еден од нејзините успешни проекти е и групата „Четири грации“, каде покрај Росана настапуваа и Благица Павловска, Адријана Алачки и Бади Бекир.

Фото: Фејсбук/ Росана Сариќ Тодоровска

Таа пред неколку години повторно се појави на фестивалот „Макфест“ и ја освои наградата за најдобра интерпретација, но и вети дека ќе продолжи да снима нови песни за нејзината верна публика и за оние што ја сакаат.

Фото: Фејсбук/ Росана Сариќ Тодоровска

„Секогаш велев за да се вратам на сцената пред се мора да имам добра песна. Кога Александар Митевски ми ја понуди “Спомени” веднаш знаев дека таа песна не смее да остане само на лист хартија и дека мора да биде претставена пред публиката. Макфест буди многу спомени во мене. Таму ги испеавме најголемите евергрини со Маријана. Ги имавме најубавите дружби. Така што ни овој пат Макфест и Макфестовската публика не ме разочараа. Бев одлично пречекана, со аплауз во текот на целата песна, и на крајот и официјално се закитив со наградата за најдобра интерпретација. Работев со одличен тим, од песна до изглед. Бев навистина возбудена и емотивна, а после одличната реакција на публиката на мене остана само да ја приберам целата таа позитивна енергија и да ја насочам кон уште повеќе песни и поголеми успеси“, изјави Родана во една пригода за „Гламур магазин“ за својот настап на „Макфест“.

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

Нејзината сестра близначка, Маријана, веќе долги години живее во Австралија каде работи како стоматолог.

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

Таа има две деца – ќерката Магдалена и синот Филип, а во последно време можеме да ја видиме дека „преку барата“ често се дружи со уште една наша позната пејачка на народна музика. Имено, Маријана и фолк-пејачката Татјана Лазаревска деновиве споделија неколку фотографии на кои се заедно и уживаат во дружбата.

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

Откако Татјана, пред неколку години, заедно со своето семејство се пресели во Австралија често се гледа со Маријана, а не ретко кога ќе се сретнат на некоја прослава организирана од нашите иселеници знаат и да се фатат за микрофонот и да испеат некои од своите познати хитови.

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

„Прошетка, околу нас луѓе со насмевки на лицата, дечиња врескаат и трчкараат. Јас и мојата Тањичка се изнамуабетивме, те вака, те така, црц, мрц, без маски, дишевме и шетавме… Ете ви дадов еден мал рапорт со желби за подобро утре, да сте ми живи и здрави сите… Чувајте ми се луѓе мои“, напиша Маријана пред неколку недели под нивните заеднички фотографии што ги објави на својот профил на „Фејсбук“.

Фото: Принтскрин/ МТВ, Јутјуб

Погледнете некои од нив…

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

Фото: Фејсбук/ Татјана Лазаревска

Фото: Фејсбук/ Татјана Лазаревска

Фото: Фејсбук/ Татјана Лазаревска

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

Фото: Фејсбук/ Татјана Лазаревска

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

Фото: Фејсбук/ Маријана Новачевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button