Патриот од дете, Македонија секогаш на прво место – погледнете како изгледал Спасен Силјаноски кога имал само 12 години
Патриот не се станува, патриот е раѓа и воспитува уште од доенче, вели македонскиот фолк-пејач.

Спасен сподели фотографија од своето детство и истакна како се сака татковината.
Еден е од ретките кои на своите настапи пее исклучиво традиционални македонски песни.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Спасен Силјаноски е еден од најдобрите машки вокали во моментов кај нас, неговите песни се слушаат и надвор од нашите граници.
Неговата „Ќе ти дојдам“ стана вистински хит не само на нашето тло, туку и во светот.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Тој е вистински пример за сите млади луѓе.
Кариерата ја гради само со квалитетна песна, промовирајќи вистински морални вредности, спорт и музика.
Важи за голем патриот и ја негува љубовта кон татковината.
Во тој дух ги воспитува и своите деца.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Секогаш го крева гласот против неправдите и јвно се побунуваше кога ѝ се нанесуваше штета на оваа земја.
По повод празникот Илинден, тој на Фејсбук сподели своја фотографија направена кога имал само 12 години.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
Се гледа дека љубов контатковината гаел уште оттогаш, а истата му била пренесена од неговото семејство.
„Може да јаваш и на КЕНТАУР, но тоа патриот не те прави. Од предавник Војвода не бива…Народот може заборава но историјата памти…Патриот се раѓа и воспитува уште од доенче.
Спасен Сиљаноски-Мечкин Камен 1997 на своја 12 годишна возраст.
За многу години Илинден
Да живее Македонија“, напиша тој во опис.