„Патлиџан туристи“ масовно летуваат во Грција за да си направат зимница
Патлиџан туристи се најголема ноќна мора на Грците.
Минатата година беше актуелна и веста дека на границите масовно се одзема храната на туристите што предизвика дополнителна паника меѓу оние кои годинава решила да заминат на одмор во Грција.
Но, додека овие информации ви се добро познати, имаме и една вест која ни ја откри претставник на една туристичка агенција со која што разговаравме. Имено, досега мислевме дека „патлиџан туристи“ според дефиниција се оние што на одмор тргнуваат со цел фрижидер храна – месо, салати, зеленчук, овошје, грисини, па дури и цело едно печено прасе или јагне.
Патлиџан туристи таквото име го имаат добиено поради големиот број луѓе што од овие простори (Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија..) тргнуваат на пат за Грција со вреќи пиперки и патлиџан, за таму да подготвуваат зимница . Главниот мотив за ова е заштеда, односно на тој начин трошат грчка струја, па затоа не ретко се случува туристичките агенции или сопствениците на апартманите да ги опоменуваат туристите дека нема правење зимница.
Би го споменале е случајот кога еден претставник на туристичка агенција од една соседна земја сакал да и помогне на една патничка и го подигнал куферот кој би многу тежок. Кога ја прашал зошто е толку тежок куферот, таа му објаснила дека е полн со тегли.