Реклама
Вирално

ОЧАЈНО ЈА БАРА:Никогаш не ја видела СЕСТРАТА -БЛИЗНАЧКА, убедена e дека не е мртва!

Лекарите им соопштиле дека едното бебе не е живо

Реклама

Доколку знаете некоја жена идентична на Мирјана Коларич да ѝ помогнеме да ја поврземе со неа, бидејќи таа очајно ја бара нејзината сестра близначка.

На својот Фејсбук профил објавила фотографии од себе како изгледа сега, но и од раното детсво, за полесно да стигне до својата сесстра што никогаш не ја видела. Поточно, Мирјана Коларич (47) од Словенија ја бара својата сестра-близначка, која официјално починала за време на породувањето, но семејството со години се сомнева во таа приказна.

фото/Фејсбук

„Мама нѐ роди на 31 мај 1976 година во Марибор. Јас бев првородена, а по раѓањето на сестра ми, на мајка ми ѝ било речено дека сестра ми починала бидејќи бевме недоносенчиња. Жената која била во собата со мајка ми слушнала бебешки плач, но и покрај молбите на мајка ми и татко ми да го видат телото на бебето, лекарите не им го покажале и не им дозволиле да ја погребаат“, пишува таа на својот фејсбук-профил.

Маркетинг

Жената наведува дека отсекогаш имала чувство дека нејзината сестра е жива. Во една прилика, на оваа тема разговарала со нејзината мајка, која низ солзи ѝ кажала дека и таа верува дека близначката е жива.

фото/Фејсбук

„Тогаш првпат ми се заледи крвта од тие зборови. Вторпат ми се случи такво нешто кога открив дека покрај моето име во централниот регистар не е запишано дека јас имав сестра близначка при раѓањето. Третиот пат беше кога ја видов нараквицата од породилиштето, која мајка ми сѐ уште ја чува“, вели Мирјана Коларич.

Маркетинг

Таа вели дека потрагата по сестра и сите досегашни сознанија ја водат до Сараево.

фото/Фејсбук

„Ве молам, погледнете ги моите фотографии. Можеби некоја жена која ја познавате личи на мене“, побара таа од корисниците на социјалните медиуми, заедно со молбата да ја споделат нејзината објава на своите профили.

Моментално, нејзината објава е споделена повеќе од осум илјади пати, од страна на луѓе од целата поранешна Југославија.

Сепак, таа не сака да открие зошто мисли дека сестра ѝ се наоѓа во главниот град на Босна и Херцеговина.

„Не можам сега да откријам, но можеби во друга прилика“, одговори таа на еден од коментарите на нејзината објава.

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button