Реклама
Новости

Откриено зошто Ѓорѓе Давид се уште не смее да замине од Македонија – минува низ пекол, фановите загрижени

Ова е причината заради која пејачот се уште не си заминал

Реклама

Пејачот минува низ вистинска агонија

Музичарот Ѓорѓе Давид кој имаше сообраќајна несреќа минатиот викенд се уште не може да ја напушти Македонија.

Во несреќата што се случи на автопатот Куманово-Табановце, музичарот налета на жена со својот автомобил по што таа почина.

Маркетинг

До несреќата дојде откако претходно имаше судир на два автомобили, од кои едниот се движел во недозволена насока, па жената од едниот автомобил излегла и се движела по автопатот.

Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

На неа во тој момент налетал Ѓорѓе кој немал време да закочи и ја прегазил по што таа им подлегнала на повредите.

Пејачот оттогаш минува низ агонија, а му беа одземени патните исправи за да не ја напушти земјата за време на истрагата.

Принтскрин/ Инстаграм

Но некои медиуми објавија дека тој се вратил во Србија и дека му биле вратени документите, по што Ѓорѓе се огласи и замоли да не се шират шпекулации и медиумите да имаат разбирање за ситуацијата во која што се наоѓа и да бе му ја отежнуваат ситуацијата.

Фејсбук

Тој појасни дека документите се уште не му се вратени, дека не заминал од Македонија и дека тие се во обвинителството во Куманово.

Како што пренесе српскиот „Блиц“, оваа информација ја потврдиле и од Основниот суд во Куманово.

Според „Блиц“, судот во петокот донел одлука за промена на мерката на претпазливост, но оваа одлука се уште не била правосилна. Исто така за ваквата одлука не било барано мислење од обвинителството, додека истрагата околу причината за несреќата се уште е во тек.

Поддршка од пријателите

Инаку, музичарот постојано добива поддршка од своите фанови, но и од колегите која многу му значи во овие моменти.

Принтскрин/ Инстаграм

Па така тој сега ја сподели објавата и на музичарот Јоце Панов кој јавно му изрази поддршка преку Инстаграм.

„Може да зборуваат што сакаат, народот знае што душа си ти“, напиша тој под една заедничка фотка на Инстаграм.

Принтскрин/ Инстаграм

Претходно тоа го направија и пејачите Славица Ангелова и Александар Јосифовски на кои рокерот им беше ментор во „Ѕвездите на Гранд“, но и многу други големи музички ѕвезди од регионот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button