Реклама
Вирално

Откриена хемиска состојка која предизвикува најтешки симптоми на коронавирусот: Поради неа ниту респираторите не им помагаат на пациентите

Реклама

Со генетска анализа на пациенти заболени од ковид-19, извршена со помош на суперкомпјутер „Самит“ забележан е брадикинин, природна хемиска состојка која го регулира крвниот притисок, која би можела да објасни многу од аспектите на ковид-19 и одредени симптоми од болеста.

Компјутерот, кој се наоѓа во Националната лабораторија во Оук Риџ во САД, анализирал 40.000 гени од 17.000 примероци, објаснува експертот за вештачка интелигенција Томас Смит.

Маркетинг

Резултатите од анализата помагаат да се разбере зошто САРС-КоВ-2 кај одредени пациенти предизвикува васкуларни проблеми, како што се мозочен удар и воспаленија на кожата или прстите на стапалата, но и навестува какви нови терапии доаѓаат во предвид за лекување на најтешките симптоми.

Маркетинг

Поради васкуларните симптоми лекарите на првата борбена линија со вирусот набрзо сфатиле дека давањето кислород и интубација кај многу тешко заболените пациенти не носи секогаш сакани резултати. Малку – помалку сфатиле дека кај најтешките случаи сmртта настапила како последица на цитокинска бура, претерана реакција на имунолошкиот систем која ги уништува виталните органи.

Научниците кои ги толкувале податоците до кои дошол суперкомпујтерот „Самит“ и ги објавиле резултатите веруваат дека за тоа може да биде одговорна брадикининската бура – дисфункција на васкуларниот систем, кој предизвикува пропустливост на крвните садови.

Според хипотезата за брадикининот, брадикиниската бура е одговорна за многу од најкобните симтоми на ковид-19. Теоријата се заснова на општоприфатениот став дека инфекцијата почнува со велз на вирусот во организмот преку АЦЕ2 рецепторите, присутни во голем број во носот, но и во цревата, бубрезите и на срцето.

„Самит“ на научниците им покажа дека последиците од вирусот не се ограничени на оние предизвикани од „опседнувањето“ на рецепторите АЦЕ2, туку дека вирусот исто така е способен да манипулира со нив: да ја презема контролата над системите во организмот така што АЦЕ2 рецепторите стануваат изразени и на местата каде обично ги нема многу, вклучувајќи ги и белите дробови.

– Во таа смисла, ковид-19 е како крадец кој се провлекува низ прозорецот од вашата куќа на вториот кат и почнува да ве ограбува. Кога еднаш ќе влезе, не ги краде само вашите работи, туки ги отвора сите прозорци и врати за да влезат внатре и другите негови соочесници за да му помогнат да биде поефикасен, објаснува Томас Смит.

Вирусот САРС-КоВ-2 го зголемува нивото на АЦЕ2, кој го снижува крвниот притисок во организмот и дејствува против другиот ензим АЦЕ, кој има спротивен ефект отворајќи ја вратата за брадикининот, објаснуваат научниците. Без контрола, брадикининот ги прави крвните садови пропустливи и ги шири, предизвикувајќи пад на притисокот.

Кога крвниот притисок не е под контрола и крвните садови ќе станат пропустливи, организмот „отворил врата“ за нарушувања во целото тело. Пациентите погодени од брадикининска бура „се дават“, зошто алвеолите им се прекриени со желатинска супстанција.

Многу здравствени експерти споменуваат оштетни крвни садови од респираторните систем и другите органи кај заболентие, а ова може да објасни зошто давањето кислород или поврзувањето на респиратор кај некои останало без ефекти.

Научниците во студијата наведуваат дека напорите во потрага по лекување на симптомите би требало да се насочат кон сречување на брадикининската бура.

– Со натамошни експерименти се идентификувани неколку постоечки лекови кои би можеле да се применат за лекување на брадикининската бура, напишаа тие.

– Следниот чекор би можеле да бидат клинички студии за да се процени ефикасноста на тие лекови кај заболените од ковид-19.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button