Реклама
Наши ѕвезди

Откако ја победи короната, Дејан Миличевиќ открива кој прв му се јавил и му понудил помош (ВИДЕО)

Реклама

Популарниот режисер Дејан Миличевиќ се соочи со тешка состојба кога се разболе од коронавирус, по што искрено, во детали ја раскажа својата борба.

printscreen/Instagram/dejan_milicevic

Тој на естрадата има соработувано со многу познати личности од јавната сцена, а сега откри кој прв му се јавил кога бил во болница.

– Ти благодарам за поддршката и довербата. Во текот на мојата борба со короната Цец Ражнатовиќ ми се јави и ме праша дали ми треба нешто. Благодарам упте еднаш. Те сакам засекогаш“, напиша Миличевиќ.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/CDvqPloJvGr/

– Веќе две недели сум во болница. Едвај останав жив. Корона и воспаление на двете белодробни крила. Сега ми е малку подобро, и за седум дена излегува… Може на секого да му се случи, ја раскажа својата приказна Дејан Миличевиќ.

Маркетинг

– Само оптимизам. Апелирам до луѓето да не се лажат со ноќни излегувања и лудувања по сплавовите, зошто вирусот е насекаде. Јас го закачив од другарка која ме бакнуваше зошто долго се немавме видено, а немаше поим дека има симптоми. Беше грозно, две недели температура и кислород, но благодарени на стручните доктори и медицински сестри од интерниот Б блок на клиниката Драгиша Мишовиќ мојот живот е спасен. Дури сега престојува опоравување и доведување во ред. Никаде без маски и нема повеќе од она нашето српско поздравување и бакнување, истакна Деки.

Инаку, Дејан Миличевиќ во 2018 година преживеа мозочен удар, а три години пред тоа заврши во болница кога мораше да ја оперира простатата и тогаш на сите кои боледуваа им даваше поттик и корисни совет за полесно да ја победат болеста.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button