Познатата водителка со нов имиџ.
Една од нашите најпознати водителки и инфлуенсерки направи нова промена, односно освежување.
Лила Филиповска е жена која плени со својот изглед и харизма, а често прави и промени, па овојпат се реши за мало освежување.
Таа се реши повторно да ја промени бојата на косата, а овојпат е русокоса, односно „плавуша“.
Нема потреба да се каже дека Лила и вака изгледа преубаво, но на прв поглед по малку непрепознатливо.
Таа заедно со стилистите позираше во огледало.
Облечена во тесни хеланки и светкава блуза едноставно блескаше, а целиот изглед го заокружи со високи црни чизми до под колена кои се хит секоја сезона.
Лила е жена која предизвикува внимание каде и да се појави, а фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи секогаш се проследени со бројни коментари и пофалби на сметка на нејзиниот изглед.
Секогаш успева да биде интересна и уникатна за своите фанови, па не е ни чудно што долги години е на македонската јавна сцена.
Лила Филиповска долги години е дел од телевизиската сцена, а публиката имаше можност да ја види како водител на разни емисии.
Сепак се чини дека во квизот „Се или нешто“ гледачите најмногу уживаат да ја гледаат.
Нејзините почетоци во работата се врзани за здравството, поточно социјалните грижи, зашто Лила започнала да работи како сестра – негувателка, но бргу сфатила дека поривот ја влече кон нешто што поврзано со јавната професија, па во тогашната „Зимско рекреативната програма“ на МТВ ги направила првите водителски чекори.
Она што е евидентно е дека Лила се чини дека со текот на годините станува се поубава и годините и тоа како и пријаат.