Реклама
Новости

Оние што планираат наскоро да одат на летување ова мора да го знаат – Европските земји, но и соседството со нови коронамерки

Реклама

Пандемијата со коронавирусот созеде промени низ целиот свет, а таман кога мислевме дека е завршено многу земји ги враќаат рестрикциите.

Затоа пред да тргнете некаде проверете каква е состојбата.

Маркетинг

Состојбата со коронавирусот полека се смири, но со олабавување на мерките и отворање на границите како во Македонија и регионот, така и во светот бројот на новозаразени полека почна да се зголемува.

Шпанија и Португалија го вратија полицискиот час, а Холандија повторно ги затвори рестораните и баровите.

Маркетинг

Валенсија повторно воведе полициски час од 1 часот по полноќ до 6 наутро.

Португалија воведе полициски час пред околу десет дена за да се бори против зголемувањето на заразите.

Поради Делта сојот на коронавирусот бројките на новозаразени пораснаа и во Британија каде вчера беше забележана највисока бројка на новозаразени од почетокот на јануари.

Слична е состојбата и во Франција и Белгија, додека пак Макрон повика на масовна вакцинација и предупреди дека ќе има строги мерки за оние кои не сакаат да се вакцинираат.

Состојбата со коронавирусот не е ништо подобра и во соседството.

Во Црна Гора рестриктивните мерки се продолжени до 30 јули поради зголемување на бројот на новозаразени, а директорот на Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦГ), Јијана Радуловиќ изјави дека доколку има потреба ќе се донесат нови мерки. Во Хрватска пак Институт за јавно здравје вечерва објави нови препораки за третман, според кои мерката самоизолација за блиски контакти на пациентите се продолжува на 14 дена.

Според изјавата, здравствениот надзор во карантин / самоизолација на блиски контакти е продолжен од сегашните 10 на 14 дена од последниот близок контакт со заразено лице, а се размислува и за задолжителна вакцинација.

Повикувајќи се на неофицијални извори, загрепскиот портал „Индекс“ воведува задолжителна имунизација за секторите здравство, образование и социјални работници.

Сепак она што најмногу ќе ги погоди Македонците е рестрикциите воведени во Грција.

За влез во угостителски објкет во затворено ќе биде потребно сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест.

За секое невакцинирано лице во Грција коешто ќе влезе во затворен простор без да приложи вакцинален сертификат, ќе плати казна од 300 евра, пишува српски Блиц.

Доколку се обидете да го фалсификувате овој документ, казната станува десет пати поголема – 3.000 евра ќе наплаќа грчката влада штом на посебно наменета апликација вратарите проверат дали вашиот сертификатот е валиден.

Истото правило ќе важи и за дискотеките кои пак без разлика дали се на затворено или отворено ќе примаат само вакцинирани лица, а во просториите ќе треба да се седи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button