Омилената пејачка во поранешна Југославија влезе во секта и го промени името и верата: Јас и понатаму сум ѕвезда…!

Марина сврте нова страница во животот.
Пејачката Марина Живковиќ во 90-тите била една од омилените пејачки која ги редела хитовите „Ajde, mori, dan-dva“, „Pet godina“ , „Zaplakaću sutra“,„Lavica“, а откако снимила пет музички албуми одлучила да стави точка на музичката кариера и да се започне да се занимава со потполно друга работа.
Дека не се појавува во јавноста, се шпекулирало многу. Започнувајчи со тоа дека стнала исцелител, до гласнините дека ја променила верата, но и името.
Новото име наводно и било Маха Мантра ( Голема Мантра). Меѓутоа Марија не сакала ниту да потврди ниту да ги демантира ваквите наводи.
– Едноставно се пренасочив на нешто друго. Живеам со душата, тоа навистина го работа, раскажала во 2018 година за една телевизија, Марина одговорила на прашањето дали станала „волшебник“
– Како не сум, се е бело околу мене. Се шалам. Јас и понатаму сум ѕвезда, но во својот храм.
Во нејзиниот стан, како што вели има олтар кој го направила нејзината сестра Лилјана која е фенг шуи мајстор. Потоа ја покажала столицата на која седат луѓе кои доаѓаат кај неа на терапија, а потоа објаснила како им помага на луѓето.
– Се занимавам со читање на душата. Доволно е да ве погледнам во очи и енергетски да ве „работам“ Луѓето се зезаат и несериозно ја сфаќаат таа работа. Секој изговорен збор е енергија. Тоа се остнува во нас и не се разградува.
Тогаш се чудиме зошто на нас ни е така, а не размислуваме дека се шамараме со глупости како нездрави. И потоа, велат: „Боже, што ми е, камења како да сум фрлала кон Бoга…
„Знаете мене ми е исполнет животот, остварена сум како жена, како уметник, кратор. Со пријателките и сестрите работам во салоните во кои правиме креми, органски, од природни состојки, антицелулитни, објаснила пред неколку години Марина.
Во меѓувреме заминала на уште неколку усовршувања, за да има додатни знаења, но продолжува дека активно се занимава со шаманизам.