Реклама
Новости

Од фарба за коса главата и се поду како сијалица. И тоа само поради оваа супстанца!

Реклама

Поради бојата за коса, нејзината глава се поду како сијалица, и сето тоа поради оваа хемикалија

„Купив фарба за коса, се офармав и потоа мојата главата почна да расте и расте. Наскоро бев на работ помеѓу животот и смртта, и сето тоа поради една глупава хемикалија што ја има речиси во секоја фарба за коса.“

Маркетинг

Вака ја започнува својата приказна Естел (19), една студентка од Париз, која одлучи да ја бојадиса косата со фарба што ја купила во локален супермаркет. Како што пишува „Ле Паризиен”, таа ги следела инструкциите на упатството, но она најважното не го направила.

Маркетинг

Поточно, на секое пакување на фарба за коса пишува дека пред да ја нанесете треба да направите тест на мал дел од кожата и да почекате 48 часа, па да ја користите ако изостане било каква реакција. Естел ја оставила фарбата да стои само половина час, а потоа почнала да ја бојадисува косата.

„Речиси веднаш почувствував иритација, а потоа дојде до отокот. Се јавив во брза помош од каде ми препорачаа антихистамици, но состојбата беше се полоша и полоша. Кога се разбудив утредента, обемот на главата ми беше 63 см,” вели девојката додавајќи дека нејзината глава изгледала „како сијалица” и дека од отокот не можела да дише. И се подул и јазикот, а итната помош за среќа стигнала брзо на самото место. Тие ја однеле во болница, и дале инјекција со адреналин и ја задржале под опсервација.

 

Хемикалијата што го предизвика сето ова е „p-Fenilendiamin (PPD)“. Иако сите фарби за коса се полни со хемикалии, во главно токму „PPD“ е главната причина за тешки алергиски реакции, а најчесто ја има во потемните нијанси.

Инаку, строга препорака на Светската здравствена организација е дека учеството на оваа хемикалија во производите за коса не треба да надминува два проценти. Во фарбата што ја користеше Естел, имаше само 1 процент од PPDs-тио, но тоа очиледно беше и повеќе од доволно таа за малку да го изгуби животот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button