Реклама
Наши ѕвезди

Од роденденскиот подаpoк на внукот на Aмди Бајpaм се шокиpaше цела Македонија, но погледнете го и луксузот во кој што живеат

Реклама

Вчера во семејството Бајрам беше весело…

Внукот на починатиот македонски политичар Амди Бајрам, Валентин, вчера го прослави својот роденден, а на социјалните мрежи исплива видео на кое се гледа каков подарок добил од својот татко, Габриел Бајрам.

Маркетинг

На видеото што исплива на социјалните мрежи и кое предизвика бура од реакции во јавноста се гледа како славеникот прославува со шампањско „Моет“ и се радува на подарокот – џип Мерцедес што го добил од неговиот татко.

Фото: Фејсбук/ Принтскрин

По некое време „испливаа“ и фотографии на кои се гледа богатата роденденска трпеза покрај раскошниот базен во нивниот двор.

Фото: Фејсбук/ Принтскрин
Фото: Фејсбук/ Принтскрин

Фото: Фејсбук/ Принтскрин

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Принтскрин

Фото: Фејсбук/ Принтскрин

Фото: Фејсбук/ Принтскрин

Фото: Фејсбук/ Принтскрин

Фото: Фејсбук/ Принтскрин

Фото: Фејсбук/ Принтскрин

Инаку, и минатата година на истиот датум беше весело во Шутка. Тогаш Габриел кој е советник на СДСМ и нивен коалиционен партнер, преку Фејсбук му го честиташе роденденот на синот, но и ги изненади со исто така скап подарок што го доби неговиот наследник.

Фото: Фејсбук/ Принтскрин

Габриел тогаш објави неколку фотографии од скапи мотори од марката априлија, па му порача на синот дека треба самиот да го избере подарокот, од кои и двата му се од срце, но едниот му го подарува со услов.

Фото: Фејсбук/ Принтскрин
Фото: Фејсбук/ Принтскрин

Имено, Габриел за спортскиот модел, во златна боја, побара од синот да му се заколне пред Господ дека нема да го вози побрзо од 150 км на час, дека навистина ќе вози внимателно и дека ќе го почитува дадениот збор пред Алах.

Фото: Фејсбук/ Валентин Бајрам

Фото: Фејсбук/ Валентин Бајрам

Фото: Фејсбук/ Валентин Бајрам
Фото: Фејсбук/ Валентин Бајрам

Очигледно Валентин го испочитувал она што му го ветил на татко му, па и оваа година доби подарок на тркала, само наместо мотор, еден од најскапите џипови.

Инаку, дедото на славеникот Валентин, Амди Бајрам, долги години беше еден од најконтpoверзните политичари во Македонија, а неговиот живот згасна само неколку дена откако ја направи свадбата на својата внука.

Фото: Принтскрин

Перјан, внуката на Амди, која исто така е ќерка на неговиот син Габриел и го носи името на неговата сопруга, се омажи само неколку дена пред тој да почине. Амди беше на нејзината раскошна свадба, која што се случи во Турција (додека Македонија беше во карантин), а на церемонијата цело време беше горд и весел, што може да се види и од фотографиите од свадбата на социјалните мрежи кои воедно останаа и еден од последните спомени за него.

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Перјан минатата година се оствари и во улога на мајка, кога ја роди ќеркичката Лаура.

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Од фотографиите што Перјан ги објавува на социјалните мрежи можеме да видиме како со нејзиниот сопруг се снаоѓаат во родителството, но и како ужива нивната мала принцезичка. И тие како и братот на Перјан, живеат раскошен живот, a како изгледаат, погледнете во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button