Од продавачка во продавница на Гучи до фатална заводничка – девојката на Кристијано Роналдо потполно го промени имиџот
Она што се случува со Роналдо очигледно не и пречи на Георгина, па неодамна призна дека раѓањето на ќерката Алана Мартина дополнително ја зацврсти нивната љубов.
На својот Интаграм профил во моментите кога нејзиното момче и татко на ќерката Алана Мартине, фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо, ги минува најтешките моменти поради обвинувањата дека пред девет години ја силувал Американката Катрин Мајогра, атрактивната Георгина Родригез откри дека планира да го промени својот имиџ.
Иако целит свет, пред се бидејќи е партнерка и мајка на детето на познатиот фудбалер, знае како атрактивна црнка, 23 годишната Георгина Родригез ги изненади сите минатиот викенд објавувајќи фотографија на социјалните мрежи под која напиша „Полудев.. решив да станам русокоса“.
https://www.instagram.com/p/BpMOq20AkGr/?taken-by=georginagio
Очигледно ништо не и пречи на сексапилната мама, па така неодамна призна дека раѓањето на ќерката дополнително ја зацврстило нивната врска.
„Покрај него ја пронајдов љубовта. Имаме прекрасна врска и кога сум покрај него, имам сé. Се чувствувам сакано, а љубовта победува сé“, изјави таа , а нејзините одговори укажуваат дека нема никаков проблем меѓу нив двајцата и покрај тоа што Кристијано е пред сериозно обвинение.
https://www.instagram.com/p/BkcmJVxBwig/?taken-by=georginagio
.