Наши ѕвезди

Од ден во ден се поубава: Антониа Гиговска направи драстична трансформација и еве како изгледа сега- ќе ја прeпознаете ли

Advertisement

Девојчето кое сите го гледавме во шоуто „Пинкови Ѕвездички“ порасна и се претвори во вистинска убавица.

Advertisement

Антониа Гиговска е девојка која има со што да се пофали и кога станува збор за талентот за пеење и кога станува збор за физичкиот изглед. Таа на социјалните мрежи секојдневно објавува нови фотографии, со необичен и шок стајлинг, а на секоја од нив зрачи со убавина и уникатност во се што прави.

Гиговска пред неколку месеци се пофали со драстична трансформација, ослабе 19 килограми,а по објавите на нејзиниот Инстаграм, ваквата промена и те како и годи.

Се чини како да го промени и стилот на облекување, а често прави експерименти и со косата.

Advertisement
ФОТО Антониа Гиговска/ Инстаграм
ФОТО Антониа Гиговска/Инстаграм

Таа музичката кариера ја започна во шотуто „Пинкови Ѕвездички“ каде го освои жирито со својот глас и од емисија во емисија го освојуваше и целиот регион, а стручното жири во шоуто имаше само пофални зборови за неа.

„Како пее оваа малечка“!, „Македонската музика е прекрасна“, беа само дел од коментарите на жирито.

Сепак покрај згодите, Гиговска имаше и мала незгода на која никој не и замери, туку напротив им беше симпатична на сите.

Пејачката за време на еден настап се сопна од една од девојките кои беа со неа и играа на сцената, но брзо стана и продолжи да пее. Според жирито, киксот бил плус за неа, затоа што Антониа ја покажала својата професионалност.

По завршување на шоуто таа својата музичка кариера ја продолжи и сними песна за која следеше и музички запис „Могли смо у двоје“ којашто е снимена на српски јазик.

Фото Антониа Гиговска/Инстаграм

 

За време на музичкото шоу „Пинк Ѕвездички-all stars“ многумина забележаа дека младата Гиговска е особено блиска и со еден од членовите во жирито Милан Станковиќ. Често знаеја да објават заеднички фотографии, но и да си оставаат коментари под фотографиите објавени на социјалните мрежи, но сето тоа остана само шпекулација, па Гиговска почнаа да ја поврзуваат со Иван Јованов од „Либеро бенд“, а по само неколку недели подоцна, парот ја потврди својата љубов.

Гиговска откри дека момчето ја освоила со неговата добрина, а потоа откри како изгледала нивната прва средба.

„Ние се знаеме одамна колегијално. Ниту се дружевме, ниту помислав на тоа во ниту еден момент. Се видовме на свадба, јас ја отворав свадбата, ја пеев првата песна, тие свиреа…Оттогаш започна се“ открива Гиговска во „Живот со стил“.

Вљубени млади и згоди веднаш станаа омилен македонски пар на музичката сцена.

Двајцата се почесто објавуваа заеднички фотографии, а направија и заедничка фотосесија.

За Гиговска следеа еден куп успеси на музичката сцена. Таа беше дел од Македонскиот тим на Евровизија, како пропратен вокал на Тамара Тодевска, а беше и победничка на Макфест 2018 со песната „Никогаш не вели никогаш“ и освои награда од 5000 евра.

Сепак на почетокот на минатата година дојде и коронавирусот со кој сите настапи и настани почнаа полека да се откажуваат, па следеше карантин и целосно затворање. Деновите поминати затворени дома имаа своја цена, па иако Антониа се забавуваше со своето момче и често објавуваше нови фотографии и видеа на „Тик-Ток“, таа качи неколку килограми повеќе, но со почетокот на новата година и вишокот килограми станаа минато, а Антониа блесна како никогаш претходно.

Таа на Инстаграм се пофали со новата фигура и напиша дека ослабела 19 килограми, са фигурата ја истакна во тесни хеланки.

Младата пејачка стана се поактивна на социјалните мрежи споделувајќи фотографии во секси издание, а неодамна реши да експериментира и со косата и ја обои розева. Гиговска од русокоса, сега стана розевокоса девојка и да бидеме искрени одлично и стоеше, но сепак одлучи да си ја врати костенливата боја на коса.

Деновиве таа е сè поактивна на социјалните мрежи и се почесто можеме да ја видиме во храбри модни изданија која само таа знае како да ги носи и да изгледа божествено!

 

ФОТО Антониа Гигоска/ Инстаграм
ФОТО Антониа Гигоска/ Инстаграм
ФОТО Антониа Гигоска/ Инстаграм
ФОТО Антониа Гигоска/ Инстаграм

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button