Овој човек има 3 жени, а не работи: Не мора да оди на работа и го живее својот сон

Американец кој има три сопруги откри дека не треба да работи – затоа што верува дека „кралиците“ во неговиот живот треба да го прават тоа.

Таткото н две деца, Ник Дејвис е во врска со три жени, Април, Џенифер и Даниел, и ите три живеат о него во нивниот брачен дом и како што вели, го сплескуваат како сендвич во текот на ноќта.
Првата сопруга на овој човек, Април, всушност сугерирала да воведат друга жена во нивниот живот по 9 години врска.

„Ник има многу работи со кои треба да се справи. Особено во кревет“, рекла Април за теелвизијата ТЛЦ.
Април изјавила дека ѝ се допаѓа Џенифер и знаела дека ќе му биде атрактивна на нејзиниот сопруг.

Минатата година во нивната заедница се придружила и Даниел, а семејството брзо ја прифатило 22-годишната девојка.
Ник изјавил дека го живее својот сон, кога се венчал со својата трета сопруга.
Даниел пак додала дека никогаш не верувала дека може да биде вака среќна.
Џенифер прва забременила со првото дете во групата.

Ник е тој кој останувал дома со бебето, додека неговите сопруги оделе на работа.
Ник има тинејџер од претходната врска кој о задоволство ја преземал улогата на постар брат и го сака неговото семејство.

Таткото на две деца постојано се соочува со жени на Инстаграм кои прашуваат дали наскоро бара четврта сопруга.
Неговата популарност кај жените ги збунува другите мажи кои се чудат како може некој кој не е богат и не работи да има 3 жени.

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин