Наши ѕвезди

Овој Македонец го воодушеви целиот Балкан- погледнете што направи во пунктот за вакциниција во „А1 Арената“

Advertisement

Карантинот и пандемијата ги натера луѓето да бидат креативни, па оттаму произлегоа многу нови музички хитови.

ФОТО: Принтскрин/ Јутјуб

Легендарните Александар и Дац на почетокот на пандемијата направија интересна преработка и ја снимија песната „Корона чао“, а сега имаат и нов хит.

Advertisement

Направија нов кавер на светски познатата „Марина“ од Роко Граната, но ја обликуваа и произлезе „Вакцина“.

Доволно вакцини немаме ама затоа имаме песна и уникатни музичари. Драган Спасов Дац и кантавторот Александар Митевски, наместо Марина, пејат „вакцина“. Тие пеат заедно со нивните пријатели музичари и специјалниот гостин Денис Јанкуловски Космонаутко направија незаборавен хит.

ФОТО: Принтскрин/ Јутјуб

Песната стана хит на социјалните мрежи, а на неа танцуваа и здравствените работници од спортската сала А1 Арена, каде што тече процесот на масовна вакцинација, здравствените работници на чело со Денис Јанкуловски Космонаутко, играат и пеат стиховите од песната.

Advertisement
ФОТО: Принтскрин/ Фејсбук

Дац и Александар велат дека „песната е составена од пораки на Вибер, a видеото е снимено со телефонот на Дац“ спонтано додека сите биле собрани за снимање. Ова е подарок за сите нивни фанови од Македонија и регионот.

ФОТО: Принтскрин/ Фејсбук

„Малце ќе ве пецне, малце ќе ве боцне“ и весела атмосфера се шири на социјалните мрежи, а истото го споделуваа и медиумите од регионот.

ФОТО: Принтскрин/ Фејсбук

„Колку Македонците со нетрпение ги чекаа вакцините, покажува и ова видео што кружи на Интернет и на кое медицинските работници од еден пункт за вакцинација радосно пеат песна со вакцини за спасување живот.“ пишуваат од „Србија Денес“ и потресуваат дека токму Србија беше таа која на Македонија прва и подаде рака и ѝ донираше вакцини и тоа не само еднаш туку двапати досега.

ФОТО: Принтскрин/ Фејсбук

Видеото од веселиот тим на лекари донесе многу позитивни реакции и насмевски, а песната „Вакцина“ стана вистински хит па за само неколку дена е прегледана повеќе од 100 илјади пати.

ФОТО: Принтскрин/ Јутјуб

Лани, ова време Дац и Александра го објавија хитот “Корона Чао” а нивната обработка ја сподели и претседателот на Бугарија, Бојко Борисов на својот фејсбук приофил.

ФОТО: Принтскрин/ Фејсбук
ФОТО: Принтскрин/ Фејсбук
ФОТО: Принтскрин/ Фејсбук
ФОТО: Принтскрин/ Фејсбук
ФОТО: Принтскрин/ Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button