Овие девојки знаат како да се забавуваат, па дури и кога се на најпознатата (и најжешката) дестинација за хомосексуалци – Бела Хадид и Кендал Џенер си поминуваат одлично на Миконос!
Една од најпознатите селебрити дестинации за ова лето
Познатите манекенки Кендал Џенер (21) и Бела Хадид одлично се забавуваат на преубавиот остров Миконос во Грција. Тоа можеме да го забележиме и од видеото што Бела го објави на нејзиниот Снапчет а на кое се гледа познатата манекенка во шорцеви и кратка бела маица како танцува во нивниот апартман во доцните ноќни часови.
Тие само еден ден претходно беа забележани на една техно журка, на која Кендал се појави во црн, а Бела во бел проѕирен фустан.
Инаку Миконос важи за една од најпознатите и најжешките геј дестинации кои Европа може да ги понуди. Островот е геј пријателски расположен (што и да значи ова по ѓаволите!) и има голем број ноќни геј барови и клубови, но и прекрасни плажи како што се Парадајс Бич, Супер Парадајс Бич и Елија кои не се геј, но има делови каде што се собираат хомосексуалците.
На овие плажи се случуваат и најубавите журки на островот кои траат преку целата летна сезона, а покрај хомосексуалците островот важи и за една од најбараните дестинации на познатите светски џетсетери.