Овие две еднојајчани близначки сакаат да се омажат со ист маж: „Му кажавме дека доаѓаме во пакет и тој немаше проблем со тоа…“
Еднојајчаните близначки Ана и Луси де Синке се во врска со Бен Бирн веќе шест години, а 33-годишните сестри сега сакаат и да се омажат за него, но не можат затоа што тоа не им го дозволува законот за полигамијата.
Луси и Ана од австралискиот Перт гостуваа на едно телевизиско шоу каде што апелирале да ги променат законите во нивната родна земја. Сестрите се познати по својот гламурозен изглед, но и по настојувањето да изгледаат потполно идентично. Пред своите повеќе од 27.000 следбеници на социјалната мрежа Инстаграм редовно споделуваат фотографии со кои го докажуваат тоа.
Во познатото австралиското телевизиско шоу „Hughesy, We Have a Problem“, сестрите открија како го делат партнерот Бен. „Ние би сакале да се омажиме за него еден ден, но поради законот во Австралија не можеме да го направиме тоа, па што можеме да сториме?” се пожалија тие.
„Делиме единствен проблем. Сакаме да се ожениме со ист човек”, напишаа под кратката видео најава од емисијата што ја споделија на нивниот Инстаграм, а која ќе се емитува на почетокот на следната година.
https://www.instagram.com/p/BrvinjdBbrB/?utm_source=ig_embed
Полигамијата е забранета во Австралија од 1961 година.
Близначките тврдат дека отсекогаш сакале да се оженат за ист маж. „Ние однапред му кажавме дека доаѓаме како пакет и тој беше потполно во ред со тоа”, изјави Ана претходно, а пренесе австралискиот портал „Daily Star“.
https://www.instagram.com/p/BrscnWSB0gy/?utm_source=ig_embed
Бен живее со близначките и со нивната мајка од 2017 година.
„Бен не третира потполно подеднакво. Ако ја бакнува Ана, потоа ќе ме бакне и мене … Секогаш и двете не држи за рацете кога се шетаме заедно “, вели Луси.
https://www.instagram.com/p/BrNpqfTnbeL/
„Ние спиеме заедно, но не е како во тројка, бидејќи не се мешаме една со друга. Некои велат дека тоа е одвратно, но тоа функционира одлично за нас”.