Овие близначиња се вистинско чудо: Нивната приказна ќе ве трогне – родителите пресреќни

Две бебиња близнаци се родени 30 години откако нивните ембриони биле замрзнати, што според експертите е нов светски рекорд.
Ембрионите од кои Лидија и Тимоти Риџвеј биле замрзнати во 1992 година, годината кога Бил Клинтон се кандидираше за претседател во САД, а песната „Зачувај го најдоброто за крај“ на Ванеса Вилијамс беше на врвот на Билборд 100 топ листи.
Близнаците се родиле на 31-ви октомври, а нивните родители, Филип и Рејчел го нарекле породувњето „вознемирувачко“.

Тие изјавиле дека близнаците се нивните „најстари деца“ иако имаат само еден месец. Парот има уште 4 деца.
Ембрионите биле замрзнати од страна на анонимна брачна двојка во април 1992 година.
Мажот бил на возраст од околу 50 години. Ембрионите седеле во складиште во течен азот на -128c (-200f) во течен азот во лабораторија за плодност на западниот брег на САД до 2007 година, кога парот ги донирал на Националниот центар за донација на ембриони во Ноксвил, Тенеси.

Тие се надевале дека друго семејство може да ги искористи, а процесот е наречен донирање ембриони. Нивните надежи добила одговор кога Риџвејс, од Портланд, Орегон, посакале да имаат повеќе деца. Г-дин Риџвеј рече дека тие намерно ги избрале ембрионите со најраниот број на донатори. Тој рече: „Не баравме да ги добиеме ембрионите кои се најдолго замрзнати во светот. Ги сакавме само оние што чекаа најдолго“.
Ембрионите биле одмрзнати на 28 февруари годинава. Од петте што биле одмрзнати, две не опстојале и останатите три ѝ биле имплантирани на Рејчел, 29 години и 10 месеци откако биле замрзнати.

Два од трансферите биле успешни и децата се родиле во октомври.
Филип и Рејчел имаат уште четири деца на возраст од осум, шест, три и една година, но ниту од нив не е зачнато преку ИВФ или донатори.
„Имав пет години кога Бог им даде живот на Лидија и Тимоти, и оттогаш тој го чуваше тој живот. Може да се каже дека тие се нашите најстари деца, иако тие се нашите најмали деца“, рекол Филип.
Д-р Џејмс Гордон, докторот на Риџвејс, рекол:„Ако сте замрзнати на речиси 200 степени под нулата, мислам, биолошките процеси во суштина се забавуваат до речиси нула. И затоа, можеби разликата помеѓу тоа да се биде замрзнат една недела, еден месец, една година, една деценија, две децении, навистина не е важна“.

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин