Реклама
Наши ѕвезди

Ова се петте најголеми фолк ѕвезди од Македонија од помладата генерација што сите ги обожаваат!

Една од нив е мелем и за очи и за душа!

Реклама

Тие се познати во Македонија, но важат и за едни од омилените пејачи на нашите иселеници во дијаспората.

Нивните песни веќе се големи хитови, а на нивните настапи секогаш е преполно и на гостите им нудат одлична забава.

Станува збор за млади и мошне талентирани музичари од нашата земја, кои и покрај тоа што се уште се „тазе“ на сцената, зад себе веќе имаат големи успеси и вистински хитови со кои што можат да се пофалат. Еден од нив е Дамјан Стојаноски, синот на легендарниот пејач Војо Стојановски, кој важи за еден од најпознатите пејачи од помладата генерација. На овој список секако е и неговиот братучед Влатко Миладиноски со кого Дамјан често настапува заедно, а на нивните настапи секогаш е преполно и се бара влезница повеќе, посебно кога настапуваат во дијаспората.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Дамјан Стојаноски

Покрај овие две млади легенди од нашата фолк сцена тука ќе го споменеме и Спасен Силјаноски кој со неговиот голем хит „Ќе ти дојдам вечер“ направи вистински бум во целиот регион.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ АМЈА Никола Карев

Оваа песна преку ноќ стана популарна на целиот Балкан, а на ТикТок младите се уште ја вртат во своите објави, па на познатиот пејач му донесе уште поголема популарност.

Принтскрин, Јутјуб

Во оваа листа ќе го споменеме и младиот и надежниот пејач од Струга, Методија Столески, кој со своите изведби на социјалните мрежи ги воодушевува сите. Неговите настапи во „Мерак меана“ веќе се хит, а повеќе од сигурни сме дека ќе ви се допадне и оваа песна што можете да ја видите и слушнете тука (кликни тука).

Принтскрин, Јутјуб

И за крај ќе споменеме и една дама од помладата генерација која моментално важи за една од најбараните пејачки.

Фото: Инстаграм/ Стојне Николова

Во прашање е Стојне Николова, која во последно време речиси постојано настапува и секогаш прави одлична забава.

Фото: Инстаграм/ Стојне Николова

Неколку песни од овие наши ѕвезди слушнете во продолжение…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button