Реклама
Вирално

Ова е првиот и единствениот сигурен симптом за новиот вирус – познат епидемиолог откри знак кој укажува на инфекција

Реклама

Познатиот српски пулмолог д-р Бранимир Несторовиќ, зборувајќи во специјалната емисија на ТВ Пинк по повод епидемијата на вирусот корона, зборуваше и за првите симптоми на оваа инфекција.

„Ова е најважниот симптом, губење на чувството за мирис. Овој симптом е вообичаен за секого и тој е првиот симптом што е сигурен. Губењето на чувството за вкус поретко се случува, но чувството за мирис исчезнува прво, и со сигурност знаеме дека првиот симптом за корна вирусот.“

Маркетинг

„Разликата помеѓу оние кои имаат алергија и кои на пример киваат додека се надвор и оние со инфекција на корона е во тоа што оние со алергии ќе престанат да киваат кога ќе влезат во куќата. Овој вирус ги напаѓа цревата, бубрезите, мозокот, има карактеристики што нема друг вирус. Овој вирус опстојува и до 14 дена, што обично не е случај. Не ги напаѓа децата, а тие обично се најранливи. Чудно се однесува, а ние не го учевме тоа на тој начин“ – изјави д-р Несторовиќ.

Ретки симптоми на коронавирус

Како што овој вирус се шири и развива, експертите но и заразените лица доаѓаат до нови сознанија и нови симптоми што можат да се појават во одделни случаи.

Маркетинг

Повеќето од нас практично веќе напамет ги научија симптомите на вирусот корона, но можеби не е лошо да ги повторуваме од ден на ден, особено кога тие лесно можат да се помешаат со симптомите на сезонски грип или настинка. Познато е дека Ковид-19 може да предизвика повисока температура, кашлица, отежнато дишење, болки во мускулите и замор. Но, како што вирусот се шири и развива, експертите, но и заразените лица доаѓаат до нови сознанија и нови симптоми што можат да се појават во одделни случаи.

Аносмија или дисгезија

Тоталното губење на чувство за мирис, таканаречената аносмија, и порано го поврзувале со вируси, а во моментов се поголем број податоци од различни земји сугерираат дека „значителен број“ на пациенти го доживеале ова како еден од симптомите на вирусот корона.

Не ретко, ова е всушност и единствениот симптом, се вели во официјалното соопштение на британското здружение на лекари за уво, нос и грло. Од друга страна, претставници на Американското здружение за отоларинголози изјавуваат дека еден од можните симптоми е губење на мирис и вкус, познат и како дисгевзија и дека честопати не е придружено со никакви знаци на респираторна болест, објави „Live Science“.

Д-р Клер Хопкинс, која е претседателка на британското здружение за ринологија, забележа дека таа лично испитала четири пациенти на возраст под 40 години кои немале никакви симптоми освен ненадејно губење на чувството за мирис. Слични заклучоци имаа и германските лекари во болницата во Бон, кои спроведоа анализа на повеќе од 100 пациенти заразени со Ковид-19 и откриле дека скоро 70 проценти од нив споменале дека го „изгубиле чувството за мирис и вкус и тоа траело неколку дена“.

Тоа оди дотаму што една мајка не можеше да го почувствува мирисот на полна пелена на своето бебе. Другите не можеа „да го почувствуваат мирисот на шампонот, а храната немала вкус”, истакнува германскиот лекар Хендрик Срејк од одделот за вирологија, додавајќи дека постои сомневање дека овие симптоми се јавуваат во подоцнежна фаза на инфекција.

Дигестивни нарушувања

Дигестивни нарушувања како што се гадење, дијареја и повраќање исто така може да бидат еден од поретки проблеми.

Во просек, еден од 10 пациенти заразени со вирусот корона има некаков вид на гастроинтестинални симптоми, како што се дијареја и гадење. Според извештајот на СЗО, околу 5 проценти од заразените чувствуваат мачнини, но новите истражувања покажуваат дека бројот може да биде и многу поголем и дека дури половина од пациентите може да развијат дигестивни нарушувања покрај респираторните симптоми.

Тие генерално развиваат и чести симптоми како што се тешкотии во дишењето, висока температура и кашлица – само околу 3% од испитуваните случаи имале само дигестивни симптоми, пренесува „Business Insider“.

Главоболка и вртоглавица

Главоболката и вртоглавицата, исто така, можат да бидат знаци на вирусна инфекција. Според студијата објавена во медицинскиот журнал „Лансет“, околу 8 проценти од заразените пациенти пријавиле главоболка.

Вртоглавица исто така е забележана во некои случаи – тие биле чести или многу силни и нагли.

Исцрпеност

Еден од најчесто пријавуваните атипични симптоми е дезориентација, исцрпеност и општа непријатност. Сепак, во повеќето случаи овие симптоми се придружени со главните симптоми како што се кашлање или треска. Но, силната конфузија или неможноста да останеме будни може да бидат алармантни знаци, особено кога се комбинираат со други симптоми, како кашлица и гушење, така што од Центрите за контрола и превенција на болести истакнуваат дека при вакви симптоми веднаш треба да се побара помош.

Конјунктивит

Еден до три проценти од пациентите имаат уште еден необичен симптом – конјунктивит. „Многу вирусни заболувања можат да влијаат на окото, обично произведуваат фоликуларен тио конјунктивитис. Гледаме дека Ковид-19 може да влијае на конјунктивит кај мал број луѓе “, изјави офталмологот Висенте Диаз за универзитетот Јеил, додавајќи дека вирусот може да се пренесе и преку секретите од очите на пациентите.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button