Реклама
Наши ѕвезди

Ова е последната фотографија со Мето Јовановски на социјалните мрежи – беше и остана најголем!

Мето Јовановски ќе остане запаметен како еден од најголемите актери во Македонија, но и на просторите на поранешна Југославија, а некои од неговите улоги го преставуваат самиот врв во актерската уметност

Реклама

Почина еден од најголемите македонски театарски, филмски и телевизиски актери, Мето Јовановски (78).

Веста дека почина Мето Јовановски на социјалните мрежи ја сподели неговиот помлад колега Драган Спасов-Дац.

Јовановски е роден на 1 јануари 1946 година во селото Панчарево, Пехчевско, а својата кариера ја започна во Народен театар Штип.

Маркетинг

Од тогаш тој беше еден од водечките актери и тоа не само во Македонија, туку и на просторите на цела поранешна Југославија.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Јутјуб

По дипломирањето на Театарската академија во Софија, 1971, Јовановски се вработува во Драмскиот театар во Скопје.

Истата година дебатираше на филмското платно со улога во култниот филм „Македонскиот дел од пеколот“.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Во Драмскиот театар останува до пензија, но заминувањето во пензија не значи дека заврши со глумата, а ќе остане запаметен по улогите во филмовите „Среќна Нова 49“, „Тетовирање“, „Пред дождот“.

Фото: Фејсбук/ Билјана Драгичевиќ-Пројковска

Во текот на својата кариера има добиено голем број награди, а 2022 му беше доделена награда за животно дело на Филмскиот фестивал во Измир. На неговиот профил на Фејсбук има фотографии од доделувањето на оваа награда, додека последната фотографија со него е објавена од неговата колешка Билјана Драгичевиќ-Пројковска.

Мето Јовановски во Тетовирање

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button