Ова е најемотивната објава на Вики Среброва – Мојата фамилиичка, моето богатство.. мојот живот!
Познатата пејачка и водителка покажа како изгледа она што ѝ е највредно во животот...
Еве од каде Вики ја црпи позитивната енергија.
Вики Среброва долги години е дел од македонската јавна сцена, а и понатаму е активна на музичката сцена.
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
Ужива во пензионерските денови и обожава времето да го поминува во добро друштво, добра храна и пијалок.
Иако ја гази седмата деценија од животот, Вики изгледа фантастично и се труди максимално да ужива во животот.
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
Секогаш насмеана, Вики зрачи со позитивна енергија.
Оваа жена не старее и за неа времето како да запрело.
Таа ја има титулата најубава насмевка во Југославија од 1972 година. Носителка е на титулата „Мавровска убавица“ и прва придружничка на „Мис Југославија“.
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
Пејачката и водителка, а денес гордо ја носи титулата баба на пет внучиња.
Активна е на Фејсбук и често споделува моменти од нејзиното секојдневие .
Најмногу ужива во друштво на своите деца и внуци.
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
Таа одлучи да ги собере своите сакани на едно место, а средбата ја овековечија со заедничка фотографија.
„Мојата фамилиичка, моето богатство, мојот живот“, напиша Вики во опис на фотографијата што ја сподели.