Наши ѕвезди

Ова е наградата што ја посакува секој уметник, вели за Гламур Влатко Алексовски

Влатко Алексовски доби награда за најслушана песна помеѓу два фестивала ,,Тумба Фест”, насловена како ,,Ожени се сине”.

Реклама
Реклама

Влатко Алексовски е годинашниот добитник на наградата за најслушана песна помеѓу два фестивала ,,Тумба Фест”, насловена како ,,Ожени се сине”.

Приватна архива

Песната која на прво слушање влегува во уво, песна која ја слушаш и повторно сакаш да ја слушаш, песна со необичен аранжман! Едноставно, тоа е најслушаната песна помеѓу два фестивала ,,Тумба Фест”, насловена како ,,Ожени се сине”. Во духот на шегата, а испеана вистината! Една мајка го советува својот син да се ожени, но на синот многу по ,,сладок” му е боемскиот живот!

Маркетинг

Приватна архива

Песната е во изведба на Влатко Алексовски, придружуван од бапчорки во улога на мајка. Автор на текстот е Влатко Алексовски, музика: Влатко Алексовски и Професор Игор Трајковски, а аранжманот е на Професор Игор Трајковски.

Маркетинг

Песната е во ритам на традиционалната Паланечка тројка, а аранжмански преовладуваат народните инструменти: гајда, тамбура и тапан. Песната беше изведена на минатогодишниот ,,Тумба Фест”, а на овогодинешното издание беше прогласена за нај слушана песна помеѓу два фестивали. Мерило за слушаноста се илјадниците прегледи од медиумски настапи, како и на социјалните мрежи. Влатко запрашан за впечатокот од наградата изјави:

– Ова е наградата која ја посакува секој уметник, пејач, изведувач! Награда која покажува дека песната ќе живее и ќе се обнароди! И благодарам на публиката, на медиумите кои и дадоа медиумски простор да допре до публиката, како и организаторите на ,,Тумба Фест”.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button