Реклама
Вирално

Ова е докторот Арбен Аголи, нашиот херој на денот – му посакуваме што побрзо да оздрави

Реклама

Белите мантили се нашите херои

Тие се во првите борбени редови против новиот корона вирус кој само досега беше кобен за повеќе од 8000 лица.

Маркетинг

И додека целиот свет е во паника, тие си го ризикуваат своите животи, па и животите на своите најблиски за да ги спасат оние на кои помошта им е најпотребна. Дека тоа е така укажува и ситуацијата со двајцата доктори и двете медицински сестри кои деновиве беа заразени со корона вирус.

Еве што изјави преку ТВ 21 еден од нив:

Маркетинг

„Упатувам апел за сите по било која основа имале контакт со заболено лице, да се јават во Институтот за јавно здравје, да се проверат. Ако се позитивни, да се изолираат и со тоа ќе придонесат други лица да не се инфицираат“, рече докторот Арбен Аголи, еден од заразените со вирусот.

Па не треба многу да направиме за да им помогнеме на нашите доктори и медицински сестри, но и на сите останати во здравствениот систем.

Се што треба да направиме е да ги слушаме нивните апели, да не излегуваме од дома освен по потреба, а во случај да се сомневаме дека сме болни, да се јавиме на дежурните епидемиолози и да ги следиме нивните препораки. Само така можеме да ја победиме „чумата“!

Броеви за контакт

На сите граѓани кои имаат одредени симптоми на респираторна инфекција, а кои во претходниот период престојувале во земји зафатени до КОВИД – 19, достапни се телефони, според местото на престој, на кои можат да ги добијат сите потребни информации, како и препораки за понатамошно постапување, од дежурни епидемиолози.

Во такви случаи не треба да се оди во болница, ниту со шетање и други активности да ги изложувате другите граѓани на потенцијални ризици, туку веднаш јавете му се на дежурниот епидемиолог.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button