CelebrityНовости

Ова долго време го чекавме: Брена по 30 години повторно во филм – обожавателите воодушевени од тоа со кого ќе глуми

Advertisement

Фолк пејачката ги израдува своите верни фанови

Лепа Брена пред 30 години, поточно во 1990 година се појави во филмот „Ајде да се сакаме 3“, и тоа беше нејзиното последно појавување на филмското платно се до сега.

Advertisement

Таа повторно ќе се појави во нова комедија и тоа со Милош Биковиќ и Андреја Милошевиќ.

Андреја ќе го глуми пејачот Сафир, а Биковиќ неговиот менаџер Бојан, додека Брена ќе се глуми самата себе.

Advertisement

Милошевиќ и фолк пејачката се добри пријатели, а неколку пати досега имаат соработувано и се задоволни од соработката.

„Андреја игра фолкер на кој менаџерот и Брена му помагаат да ја оживее својата пропадната музичка кариера! Не смеам да ги откривам деталите од сценариото, но ќе ви кажам дека една од последните сцени во филмот ќе биде токму негов голем повратнички концерт во полна белградска Арена, на кој ќе настапува со Брена“, изјави извор близок до продукцијата на филмот за Информер.

Покрај тоа што со години се пријатели, Андреја и Брена и неколку пати соработувале. Тој во 2018 година и беше гостин на концертот во белградската Арена. Тогаш на бината го глумеше нејзиниот маж Боба Живојиновиќ заедно со Анѓелка Прпиќ, која ја играше Брена. Многумина не знаат дека година дена подоцна токму Брена го позајми гласот на мама Милева во филмот на Андрија „Такси блуз“, додаде изворот

Имаме желба во филмот да се појават музички и актерски легенди, но се уште не смеам да ги откријам имињата. Наша цел е со овој филм како јунак да го промовираме добриот, поштен и искусен човек“, изјави Андрија и откри дека и самиот ги пишувал некои од песните за овој филм.

Ќе пеам потполно нови песни! Некои од нив веќе ги напишав, одвај чекам да ги слушнете, додаде Милошевиќ

Андрија во овој филм ќе се проба и како режисер, а покрај него режијата ја потпишува и Марко Јоциќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button