Реклама
Вирално

Ова дете е нашиот херој на денот – му го спаси животот на друго дете на фудбалски натпревар

Реклама

Детето по име Кристијан Фернандез е нашиот херој на денот.

Имено, малиот Кристијан му го спаси животот на едно друго момче на детски фудбалски натпревар во Шпанија.

Маркетинг

Играа јуниорксите екипи на Медина и Сан Фернандо, а по судирот со противничките играчи, едно момче падна и колабираше. Следуваше општа паника на теренот, скоро сите се разбегаа, а само храбриот Кристијан беше присебен и помогна. Тој го намести несреќното момче да лежи бочно и му го извади јазикот од устата за да го спречи гушењето.

„Играчите беа исплашени кога го видоа играчот на Медина во таква состојба и побегнаа, но Кристијан беше храбар, реагираше на време и го спаси неговиот живот”, изјави Лео Корнејо, тренерот на Сан Фернандо.

Маркетинг

По брзата реакција на малиот Кристијан, на теренот веднаш дотрчаа и тренерот и таткото на спасеното момче кој е доктор, а по десет минути пристигна и итната помош.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button