Ова девојче денес е една од најпознатите жени во Македонија, но заради блискоста со Боки 13 минува низ тежок период во животот
Таа денес е една од најпознатите дами во Македонија.
Во прашање е харизматичната водителка Лила Филиповска која деновиве се најде во центарот на вниманието и заради случајот Рекет во кој првообвинет е нејзиниот пријател Бојан Јовановски попознат како Боки 13.
Имено, Лила деновиве објави фотографија на Инстаграм од своите младешки денови. На фотографијата Лила има некаде околу 4-5 години и истата најверојатно е направена во Шведска, каде водителката порасна.
Таа до својата 12 година живееше во Гетеборг, каде денес живее нејзината сестра.
Познатите ѕвезди на социјалните мрежи многу често објавуваат разни поединости од своите животи, но и некои слики од младите денови. И на некои од нив можеме да ги препознаеме, но на некои не.
Но на оваа фотографија Лила е ептен како мала, и тешко дека некој би ја препознал од прва.
Инаку, Лила деновиве се најде во центарот на вниманието и заради случајот „Рекет“ во кој првообвинет е нејзиниот поранешен пријател Боки 13. Таа најпрво се појави во улога на сведок и сведочеше зошто му дала пари на обвинетиот, а потоа се појавија и информации дека учествувала во измама на градежна фирма, кои ја обвинија дека Лила заедно со Боки им собрала 250.000 евра за наводно учество во ЕУ проекти за изградба на дом за стари лица. Лила во интервју за Фокус изјави дека во последно време се води хајка против неа, и дека намерно некој сака да и го извалка името и угледот, но и дека парите за кои се пишуваше овие денови биле вратени на компанијата што ја обвинува.
Таа достави и уплатници како доказ за своите тврдења дека парите се вратени и спомена дека се води граѓанска постапка, а информациите што овие денови испловија во медиумите биле неточни и половични.
Што се однесува до пријателството со Бојан Јовановски, со кого водителката беше и на денот на неговото апсење, таа на судењето за „Рекет“ кога се појави во улога на сведок посочи дека повеќе не се во добри односи.
„Бојан го познавам од неговата 15 година. Бевме пријатели, па бевме скарани некое време, па пред некое време повторно се смиривме. Сега не сме скарани, но не сме ни пријатели“, изјави водителката за нејзиниот пријател.
Таа додаде дека дала донација за 1 ТВ од 25 илјади евра и околу 8 илјади евра позајмица за БЈМ Медиа Груп. Посочи дека никогаш не земала пари од телевизијата, но дека дала бидејќи сакала да му помогне на својот пријател.
По сведочењето водителката на излегување од судот, на прашањето зошто повеќе не е пријателка со Боки, изјави дека веројатно имала причина за тоа, но не сакаше да ја открие.
Таа додаде дека ги почитува своите колеги новинари, но и дека очекува дека и тие ќе ја почитуваат и разберат.
Како и да е, Лила деновиве се најде во тешка ситуација и тоа можеби само заради нејзиното пријателство (!) со еден од обвинетите во случајот што веќе подолг период ја тресе цела Македонија. Ние нема да навлегуваме во приказната и политичката заднина, но факт е дека Лила успева да излезе на крај со ситуацијата и не дозволува тоа да ја тргне насмевката од нејзиното лице. Таа немаше среќа во љубовта, па можеби нема ни во изборот на своите пријатели. И тоа може секому да му се случи. Затоа таа и сега поминува низ тежок период од животот, и ние искрено и веруваме дека е невина (се додека не се докаже спротивното!) и се надеваме дека ќе го преброди и овие турбуленции и наскоро повторно ќе биде онаа старата и на сите нам добро позната Лила.
Со телефонот во рака и на директна линија со банкарот.