Ова девојче беше на работ на животот и смртта – дневно имаше преку 300 напади, се додека не започна терапија со канабис
На едно девојче која имаше и до 300 епилептични напади на ден и помогна масло од канабис …
Деветгодишната Тиган Аплеби од Велика Британија минатото лето беше пет пати на работ на животот и смртта. Девојчето секојдневно имаше и до 300 епилептични напади, но откако британскиот закон се промени, терапијата со масло од канабис кој и беше препишан оваа есен и помогна многу и таа конечно можеше да се врати дома од болницата.
Тиген има девет години и боледува од ретка генетска болест наречена „Idic15“. Епилепсијата е последица на таквата состојба. „За жал, мојата ќерка има ретка форма на епилепсија која се нарекува синдром Lennox-Gastaut”, објаснува нејзината мајка Еми Аплеби.
Затоа ова девојче во само еден ден може да има и до 300 епилептични напади. „Тие секогаш се со различна тежина и тип. Ние испробавме најразлични лекови со текот на годините, но, за жал, ништо не се покажа толку успешно како маслото од канабис”, изјави нејзината мајка за медиумите