Наши ѕвезди

Ова беше последната порака на Драган Вучиќ на социјалните мрежи – на многумина им течат солзи и денес кога ќе ги прочитаат овие зборови

Advertisement

На овој ден точно пред една година со неверување ја примивме веста дека најпознатиот водител и шоумен во Македонија го напушти овој свет.

Advertisement

Денеска се навршува една година откако Драган Вучиќ по-чина Инфективната клиника како последица на коронавирусот.

Шок и неверување по тажната вест која ја соопшти неговото семејство и пријателите трае и ден денеска.

Драган имал и дијабет, па неговиот организам не можел да се избори со кобниот вирус.

Advertisement

Тој до последен здив беше позитивен и знаеше како да се жегува.

Последното што Вучиќ го објави на својот Инстаграм профил е слика каде во двор шета желка и во својшеговит стил прокоментира: „Ај нека ми забрани некој да си го шетам миленичето. Работава е снајди се“.

Неговата сопруга на почетокот не се огласи на социјалните мрежи, но неколкупати апелираше да се почитуваат рестриктивните мерки, но подоцна за „Фокус“ даде изјава и кажа што се случувало.

Драган имаше благо покачена температура три – четири дена. Со оглед на пандемијата на Ковид-19, решивме дека треба да се тестира, да бидеме на сигурно со дијагнозата. Тестот за жал, беше позитивен. Кога температурата започна да надминува над 38,5 степени, тој беше префрлен на Инфективната клиника во Скопје. Во меѓувреме, и јас се тестирав, иако немав симптоми. И мојот тест се покажа позитивен на вирусот.

Ја започнавме нашата битка со новиот и недоволно познат непријател, со вирус кој е доста сериозен и не смее да се потценува неговата моќ. Драган добиваше кислородна поддршка на клиниката, јас престојував дома, се слушавме телефонски, си разменувавме пораки.

По една недела на клиника, тој ја изгуби битката, поч-ина од компликации од вирусот“, изјави за „Фокус“ неговата сопруга Весна Вучиќ.

Најтажно од сè беше што таа не можеше да присуствува на по-гребот, и не можеше да се збогува со својот сакан, а во изјава за „Фокус“ рече дека пријателите биле тие кои и помогнале да ги преброди овие тешки моменти.

Во тоа време, додека траеше погребот, излегов на прозор. Под прозорот се собрале моите добри другарки, моите драги личности кои во едни вакви услови, нови за целото човештво, на свој начин ми ја дадоа својата поддршка и ми покажаа дека се покрај мене.

Преблагодарна сум им, не знам како ќе ги поминев тие моменти, додека син ми го испраќаше својот татко, ако ги немав нив, да ме утешат“, изјави Весна Вучиќ за Фокус.

Блиски на семејството Вучиќ велат дека солзите не престанаа да течат.

Веста за смр-тта на познатиот музичар и шоумен ја објави и министерот Венко Филипче кој објасни што се случувало, и изрази сочувство до семејството.

– Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ. Тој беше примен во болница пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на одделението за интензивна нега.

И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочувство до семејството и блиските, напиша тогаш Филипче.

Драган беше испратен во вечното почи-валиште од својот син Мартин и неговата сопруга, но и неколку блиски пријатели и членови на семејството кои мораа да стојат подалеку од ковчегот.

И Мартин како и сите други беше во шок, па во кратка изјава за „ММС“ рече дека ден претходно се јавиле на неговата мајка и кажале дека Драган е добар, но утрото се јавиле и ѝ кажале дека по-чинал.

Низ солзи за порталот „ММС“ ги потврди тажните вести со зборовите „Не можеме ни да го испратиме како треба“.

Претпознатливиот лик на Драган Вучиќ сè уште фали на малите екрани, а неретко и неговите колеги се присетуваат на него со по некоја фотографија или постаро интервју.

Тој ќе остане запаметен по сите негови емисии, досетливост, уникатност, песни и квизови.

Вучиќ е роден во 1955 година, а во животот работеше како композитор, пејач и водител. Автор е на многу хитови меѓу кои „Свирете ја зајди зајди“ на Олгица Христовска. Познат е и по бројните емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вучиќ“ и други.

Последен негов проект е „Гурмански муабети“, емисија која се снимаше низ повеќе земји на Балканот со познати ликови.

Почивај во мир легендо!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button