Ова беше навистина посебен ден за една од најубавите водителки во МАКЕДОНИЈА – еве што беше поводот за славење (фото)
Нема сомнеж дека е една од најубавите дами во Македонија, а сега покажа дека имала убава причина за славење.
Таа е сон за секој маж во земјава, а можеби и пошироко со совршени облини и неверојатно талентирана.
Кога ќе се спомене Маријана Станојковска многумина веднаш ќе помислат на Лото. Tаа е водителка и одлично се снаоѓа, но покрај тоа Маријана има таленти за многу други работи.
Умее да танцува, пее, важи за успешен модел во земјава, а многупати гои покажа и своите кулинарски вештини.
Без разлика што и да облече Маријана секогаш изгледа неодоливо и прекрасно, па постојано добива комплименти од фановите кои не се штедат за да ја пофалат на социјалните мрежи на кои таа е доста активна.
Маријана иако е активна на социјалните мрежи, таа својата приватност ја чува далеку од очите на јавноста, но кога се работи за нејзината мајка таа често знае да направи исклучок.
Овојпат таа на својот инстаграм профил сподели дека за неа ова е посебен ден, односно нејзината мајка Мирка славеше роденден, а тој повод и направи и мала роденденска забава во еден бар во Скопје.
Секако мама Мирка доби чоколадна торта на која пишуваше „среќен роденден“, па во друштво со уште неколку пријателки со чеканче удираше по тортата додека да се скрши.
Подароци, балони и рози за мама Мирка, а под објавата Маријана напиша: „Те сакам, најдобра мајка“
Секако дека добија многу честитки, но и комплименти, а многумина пишуваа дека Маријана многу личи на нејзината мајка. Па дали е тоа така погледнете па проценети и вие самите: