Реклама
Наши ѕвезди

Оваа поза не ја може секој, како да е од гума – ќе се изненадите од МАКЕДОНСКАТА Пинк ѕвездичкa во ова издание!

Реклама

Младата македонска пејачка покажа дека има уште еден талент. Ретко кој знаеше дека и за ова ја бидува.

Мартија Станојковиќ е девојчето кое го освои целиот Балкан со својот неверојатен глас и талент за танцување, учествувајќи во музичкото шоу Пинкови ѕвездички.

Мартија по потекло е од Куманово, а родена е на 7 април 2004 година.

Таа започнала да го развива нејзиниот музички талент кога имала само 5 години, приклучувајќи се на денс студиото “Ултра”. На 7 годишна возраст ја снимила својата прва песна „Пејачка ќе станам“ со која настапила на кумановскиот детски фестивал „Детелинка“.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин

На Пинкови ѕвездички учествуваше во текот на 2015 и 2016 година, каде постигна голем успех.

Во текот на десетте месеци колку што траеше шоуто беше еден од фаворитите и со својот неверојатен глас, шарм и сценски настапи успеала брзо да се наметне и да биде меѓу фаворитите за победа.

Во суперфиналето одржано на 3 јули во кое останаа само десетте најдобри натпреварувачи, го освои второто место.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ

На 24 јули 2016 беше избрана да ја претставува Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија 2016 во Малта. На Детскиот избор за песна на Евровизија 2016 одржан на 20 ноември таа го освои 12-тото место со 41 бод во конкуренција на 17 земји учеснички.

Со тој пласман беше избегнато последното место за Македонија на натпреварот за првпат од 2012 година.

ФОТО: Принткрин

Денес, години подоцна, Мартија се разви во вистинска убавица. Активно работи на својата музичка кариера и слободно може да се каже дека може да застане рамо до рамо со светските ѕвезди.

Она што малкумина знаат е тоа дека Мартија долго време посетувала часови за балет.

ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ

Таа ги изненади фановите со фотографија на која има направено поза која умеат да ја направат само професионалните балерини и танчари.

Иако веќе долго не тренира, сепак и понатаму е во форма.

„Не сум играла балет со години… сѐ уште се држам”, стои во опис на фотографијата.

ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ

 

ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ

ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ

ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ

ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ

ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ

ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ

ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ

ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ

ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ

ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ

ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ

ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ

ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ


ФОТО: Инстаграм / Мартија Станојковиќ

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button