Оваа млада пејачка ја воодушеви Цеца во „Ѕвездите на Гранд“ – ќе и биде МЕНТОРКА, а Саша Поповиќ заради неа ги прекрши правилата

Милица пред една година настапи на Беовизија, но не успеа да победи и да ја претставува својата земја на Евровизија.

Младата пејачка Милица Мишиќ, која минатата година се натпреваруваше на Беовизија, оваа година реши да се појави во Ѕвездите на Гранд“.
Милица има 18 години и е од Смедерево, а во „Ѕвездите на Гранд“ се пријави за да на овој начин го пробие својот пат до естрадата.
Таа се појави во првата емисија од новата сезона, а од жирито доби пет гласови со што помина во следниот круг.

Иако новото правило е дека само кандидатите што ќе ги добијат сите шест гласа од жирито да можат да ги бираат сами менторите, Саша Поповиќ одлучи Милица да биде исклучок, па и дозволи таа сама да го избере.

Милица без размислување за менторка ја избра Цеца Ражнатовиќ, која беше воодушевена од нејзиниот перформанс.

Инаку Цеца во последната емисија од музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ со својот изглед го украде шоуто.

Таа се појави во комбинација заради која сите гледаа во неа – носеше тесен црн комбинезон припиен до нејзиното тeло, па во центарот на вниманието беше нејзината тесна половина и раскошните атpибути.
Таа целото издание го заокружи со виски потпетици, Луј Витон чанта, како и огромни очила за сонце со златни детали.

Како Цеца изгледаше во ова издание погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд